Трамп ги обвинува републиканците за нивниот пораз

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната со Иран била еден од факторите што придонеле за поразот на републиканците на среднорочните избори, опишувајќи ја изјавата на потпретседателот Џ.Д. Венс за ова прашање како „претежно вистинита“.

Трамп рече дека конфликтот придонел за зголемување на цените на бензинот на краток рок, што, според него, можеби влијаело на резултатот од изборите.

Сепак, тој инсистираше дека одлуката за преземање воена акција против Иран е неопходна и дека повторно ќе ја донесе истата одлука, пишува skynews.

„Доколку требаше повторно да го направам тоа, би го направил, бидејќи на долг рок ова е единственото решение. Не можеме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје“, изјави Трамп пред новинарите.

Тој додаде дека војната со Иран „вредеше“, нагласувајќи дека нема друга алтернатива освен спречување на Техеран да се стекне со нуклеарно оружје.

Во меѓувреме, кога беше прашан за преземањето на двата дома на Конгресот од страна на демократите, Трамп рече дека очекува да соработува со нив, освен ако, како што рече, тие немаат намера да ја попречуваат работата на администрацијата.

Американскиот претседател, исто така, потсети дека има право да стави вето на одлуките што не ги поддржува.

Тој објави дека демократите веќе го контактирале за да разговараат за разни прашања, додавајќи дека е подготвен за разговори.

NOW: Trump admits he lost elections because of the Iran War:I think it’s largely true, because it drove the gasoline up a little bit short term. pic.twitter.com/JnC2uZ8Mnl— Clash Report (@clashreport) November 4, 2026

The post Трамп ги обвинува републиканците за нивниот пораз appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: