четврток, 12 ноември 2026
Најново

Последната наредба војникот Т. Славески ја доби и изврши за време на служењето на воениот рок во ЈНА, реагира гувернерот на обвинувања од СДСМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески, преку објава на социјалните мрежи реагира на денешното соопштение од Социјалдемократскиот сојуз, во кое од опозициската партија ги коментираа кривичните пријави што централната банка деновиве ги поднела против четворица функционери од највисоко раководство на СДСМ, а во врска со, како што беше наведено, јавно изнесени сериозни обвинувања поврзани со Алта банка АД Битола.

Реакцијата на Славески се однесува на делот од соопштението во кој социјалдемократите од Бихаќка го обвинуваат гувернерот дека институцијата со која раководи ги поднела кривичните пријави по наредба на премиерот Христијан Мицкоски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во, условно кажано, одговорот до опозициската партија, Славески вели дека последната наредба што ја примил и извршил била онаа од неговите страшини за време на отслужувањето на воениот рок во поранешната Југословенска народна армија (ЈНА) во првата половина 1980-години на минатиот век.

„Го натерал, му наредил … Што ви е вам?! Последната наредба што ја примил и извршил војникот Т. Славески е од своите старешини за време на отслужување на воениот рок во поранешната ЈНА во далечната 1983/84 година на Косово“, напиша гувернерот на Народната банка на социјалната платформа Икс.

Поврзани вести