петок, 13 ноември 2026
Најново

Ким Кардашијан во впечатливо издание на плажа: Проѕирен плетен фустан ги истакна облините (ФОТО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан објави на Инстаграм фотографии од песочна плажа, каде што позира во плетен фустан.

Фотографиите се направени покрај тиркизното море и белиот песок. Ким позираше со едната рака крената над главата и направи неколку селфиња.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Фустанот е изработен со техника макраме, т.е. со рачно испреплетување и врзување панделки, во нежна нијанса на мента. Декориран е со мали монистра во зелени тонови, а се одликува со висока јака и отворени рамена.

Густо ткаените делови се менуваат со широки отвори што го откриваат телото, давајќи му на ова парче облека заводлив изглед. Кројот на фустанот особено го нагласуваше нејзиното деколте и бујните гради, додека транспарентните делови дополнително ги истакнуваа нејзините облини.

Својата модна комбинација ја надополни со широки нараквици во иста боја, додека долгата темна коса ја носеше лабава, стилизирана во лежерни бранови. Се одлучи за природна шминка, со нагласени веѓи и кармин во nude боја.

Поврзани вести