сабота, 14 ноември 2026
Најново

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично охрабрувачки најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика во однос на туризамот.

Како што изјави премиерот, амбицијата на Владата на почеток на година била земјава да има милион туристи и три милиони ноќевања, но заклучно со септември бележи повеќе од 1.100.000 туристи и скоро три милиони ноќевања, а тоа значи дека ќе биде надмината предвидената цел.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Податоците се прилично храбрувачки. Ние веќе, заклучно со септември, сме на повеќе од 1.100.000 туристи и скоро 3 милиони ноќевања, што значи дека ќе идеме над тоа што сме го предвиделе како како цел. Во третиот квартал, споредено со третиот квартал минатата година, имаме 35.000 туристи повеќе и 110.000 ноќевања повеќе, што е добро, тоа е повеќе од шест отсто раст и по една и по друга основа. И повторно, ова е лоша вест за опозицијата. Тие би сакале да назадуваме, но, за нивна жал, а за добро на граѓаните, одиме напред, изјави Мицкоски по увидот во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.

Поврзани вести