Повеќе божиќни базари низ Германија нема да се одржат оваа година поради финансиски проблеми, недостиг од организатори, безбедносни барања и градежни работи, додека некои традиционални празнични манифестации ќе бидат организирани во поскромен обем.
Меѓу откажаните настани е и популарниот божиќен базар во Кирхајм, во близина на Минхен. Локалните власти одлучиле да го укинат финансирањето поради намалените приходи од данокот на добивка, пренесува германскиот весник „Билд“.
Општината очекува годинава да собере околу 15 милиони евра од овој данок, наместо планираните 22 милиони евра, поради што е воведена забрана за одредени буџетски трошоци.






