Kenneth Shinozuka направил сензор кој кој секој пат регистрира кога неговиот дедо со Алцхајмер ќе стане среде ноќ. Планира и понатаму да го развива и да им помогне на другите.Тинејџерот Kenneth Shinozuka живее во Њујорк со семејството, а неговиот дедо e еден од 5,2 милиони Американци со Алцхајмер. Повеќето од нив имаат тенденција среде ноќ да станат да заталкаат, што може кај старите луѓе да доведе до повредување мо и смрт.За да го спречи тоа тетката на Kenneth цели ноќи била будна. Пред две години момчето почнало да работи на развој на уред кој би го спречил дедо му без надзор да излегува од кревет. На крајот направил мал сензор кој на дедо му можел да му го стави покрај стапалото. Кога ќе стане и застане на под, сензрот го притиска и со тоа испраќа сигнал на телефонот преку Блутут.
Својот состав го тестирал шест месеци и секој пат регистрирал кога дедото ќе станел. Со овој проект влегол меѓу финалистите на овогодинешниот Гугл натпревар за млади научници, но не беше победник. Но, го препознал списанието Scientific American кое наградува проекти кои се фокусираат на животната средина, ресурси и здравје. Kenneth добил и 50 000 долари за и понатаму да го развива својот проект, а ќе добие и менторска помош, за да може да помогне на голем број семејства кои имаат ваков проблем.
Тинејџерот Kenneth Shinozuka живее во Њујорк со семејството, а неговиот дедо e еден од 5,2 милиони Американци со Алцхајмер. Повеќето од нив имаат т



