Новиот провокативен спот на Никлеман

Раперот Никлеман ја промовираше неговата нова песна заедно со новиот видео запис насловена како „Покажи ми што знаеш”.Во песната Никлеман ве повикува да дојдете со него во диско, да се забавувате, да играте и да не мислите на ништо друго!
Младите убави луѓе, диско атмосферата и згодните девојки ќе ве натераат повеќепати да го гледате овој провокативен видео спот, во кој изобилуваат заводливи сцени со играње.
Песната е продукт на Урбан Пулс Продукција, музиката на Димитар Синдилиев – Синди, текстот е на Никлеман, а видео записот го изработи South Blood Studio.
Ова е првиот сингл и првиот видео запис од деби-албумот на Никлеман, кој е во изработка.
Да не должиме многу, погледнете го новото парче на Никлеман!

 
Во песната Никлеман ве повикува да дојдете со него во диско, да се забавувате, да играте и да не мислите на ништо друго!
Младите убави луѓе

Пронајдете не на следниве мрежи: