Имајте цврст и поткренат задник за САМО 3 МИНУТИ дневно!

За овие кратки вежби навистина немате оправдување дека немате доволно време…Потребни ви се само три минути и мал простор во вашата дневна соба, а можете да ги правите и додека ја гледате вашата омилена серија.
Прва вежба – 1 минута
Застанете од задната страна на столицата и потпрете се на горниот дел, со едната рака или пак двете. Пренесете ја тежината на левото стапало, земете воздух и при издишувањето испружете ја десната нога зад вас колку што можете повеќе, без да го виткате грбот. Задржете ја ногата во оваа позиција, една до две секунди. Вдишете повторно и спуштете ја ногата. Повторете ја вежбата, по 30 секунди на секоја страна.

Втора вежба – 1 минута
Потпрете се со левата рака на столицата. Стапалата да ви бидат во иста линија со половината. Пренесете ја тежината на телото на левото стапало. При издишување, подигајте ја десната нога колку што можете повеќе. Задржете ја ногата во оваа позиција, една до две секунди. Повторете ја вежбата, по 30 секунди на секоја страна.
Трета вежба – 1 минута
Вообичаени вежби со клекнување кои се одлични за обликување на мускулите на задникот. Но, запомнете, важно е да се прават правилно! Стапалата треба да бидат во положба на рамениците или малку одделени. Полека спуштајте го задникот, како да сакате да седнете, колку што можете повеќе, а воедно да не ги поткренете петиците од подот. Колената секогаш треба да бидат позади прстите на стапалата, грбот рамен, а погледот нанапред. Уживајте и затегнете се!
 Потребни ви се само три минути и мал простор во вашата дневна соба, а можете да ги правите и додека ја гледате вашата омилена серија.

Пронајдете не на следниве мрежи: