Нова жртва: Чудовиштето повторно нападна

Минатото лето во баварското место Ирсе, алигаторската желка Лоти нападнала момче. Го гризнала за Ахиловата тетива . Оваа година жена забележала како нешто повлекува патка под водата.Алигаторската желка Лоти изгледа повторно напаѓа. Лоти минатата година во баварското место Ирсе нападнала осугодишно момче. Момчето било на училишен одмор и се капело во малото езеро. Одеднаш почнало да вреска. Го извлекле од водата со тешка повреда на Ахиловата тетива. Операцијата траела три часа. Локалните власти веднаш тргнале во потрага по животното, дури и го исушиле езерото и поставиле ограда под струен напон. Не го пронашле животното, а изгледа ниту пак го избркале.
Оваа година жена пријавила дека видела како нешто одеднаш ја повлекло патката во длабочините.
„Жената видела како нешто ја „вшмукува“ патката под вода. Тоа сигурно е Лоти“, уверен е градоначалникот.

Овогодинешниот напад не се случил во истото езеро. Се случил 300 метри одалечено во мал рибинк во центарот на Ирсе. Градоначалникот вели дека ловот на желката повторно започнал и дека работниците поставиле замка во рибникот.
„Еден ден сигурно ќе ја фатиме“, рекол градоначалникот. 
Алигаторската желка уште ја нарекуваат и папагалска желка и е една од најголемите грабливци во Северна Америка. Се претпоставува дека Лоти била нечие домашно милениче и дека сопственикот ја оставил во езерото бидејќи била преагресивна.
Инаку во Германија од 1999 година забрането е одгледување животни кои се опасни по животот на луѓето.
Алигаторската желка Лоти изгледа повторно напаѓа. Лоти минатата година во баварското место Ирсе нападнала осугодишно момче. Момчето било на училише

Пронајдете не на следниве мрежи: