Како и секоја реклама на „Кока – Кола“ така и ова, оригинална и единствена. Секоја реклама на Coca-Cola ја дочекуваме со радост и воодушевување бидејќи изобилува со генијалност, радост и љубов која навистина се споделува.Во оваа фантастична реклама за новогодишните и божиќните празници во која нема Дедо Мраз, но го има автоматот на Coca-Cola кој ви овозможува да направите добро дело за другите или за себе.
Во центарот на градот црвениот автомат на Coca-Cola има две копчиња: „Земи си бесплатна Coca-Cola“ или „Направи добро дело“.
Доколку го изберете првото, навистина излегува шише Coca-Cola за вас.
Доколку го изберете второто копче тогаш добивате порака да почекате и да видите како горниот дел на автоматот се отвора и од него излегува црвен балон со хелиум на кој е врзано мало кутивче.
Вистинска магија пред вашите очи.
Овој балон лета и по некое време се спушта на некоја друга страна во градот, каде ќе го фати некое дете, баба, дедо или кој и да е на минување во тој момент. Кога ќе го отвори кутивчето, внатре се наоѓа порака:
„Некој посебен сака да ја сподели радоста со тебе“ и мал подарок, како украс, лампион или привезок.
Навистина радоста е споделена. А Coca-Cola тоа го прави на најдобар и уникатен начин.
Погледнете го видеото:
Во оваа фантастична реклама за новогодишните и божиќните празници во која нема Дедо Мраз, но го има автоматот на Coca-Cola кој ви овозможува да нап