Видео: Бизарно – Направила изложба од својата менструална крв која ја собирала 5 години

Необичната изложба на една чилеанска уметничка предизвика вистински шок во нејзината земја. Поголемиот број луѓе кои ја виделе нејзината изложба со ткаенини натопени во крв, велат дека таа енечиста и одвратна.Чилеанката Карина Убеда е автор на бизарната изложба на која ги претстави своите уметнички дела во ткаенина натопени со нејзината менструална крв која ја собирала последните пет години. Изложбата брои 90 работи, кои се натопени со крв. На секоја од нив со крвави дамки е испишана порака „отфрли“, уништи. На прашањето како воопшто дошло до ваквата идеја да направи ваква изложба, Убета вели дека сакала да направи поврзаност на уметноста и нешто лично.
„Не можам да носам влошки како останатите жени затоа што сум алергична на нив. Најпрво мислев дека тие ткаенини ќе ми послужат за книга за уметност, но подоцна дојдов до идеја да направам изложба, бидејќи мислам дека тоа има поголема смисла и дека ќе наиде на поголем одзив“.
Оваа изложба била  шок за многумина, а повеќето посетители тврдат дека таа е гнасна и одвратна. Сепак многу жени пак застанаа во нејзина одбрана. Погледнете ја и вие изложбата и самите проценете дали станува збор за уметност или нешто друго.

Чилеанката Карина Убеда е автор на бизарната изложба на која ги претстави своите уметнички дела во ткаенина натопени с

Пронајдете не на следниве мрежи: