Видео: Луксузен одмор на 155 метри под земја

 
Овој шведски хотел “The Sala Silvermine VIP” може слободно да се нарече најчудниот хотел на светот, со оглед на тоа дека неговите соби се наоѓаат 155 метри под земја.
Подземниот хотел се наоѓа во шведскиот округ Вдстманланд, а до собите може да се стигне единствено со лифт кој се наоѓа во некогашниот рудник за сребро.

Ноќевањето во овој хотел ќе ве чини 400 евра, а добивате соба со луксузни кревети, сребрени чинии и шампањско. Хотелот располага со 14 соби уредени во минималистички стил, а единствена маана е што во нив нема мрежа за мобилен телефон.
Иако има недостатоци во кои е вклучена и ниската температура во собите, хотелот е многу популарен.

Необично но сепак предизвикувачки.
Дали вие би се осмелиле да престојувате во овој хотел? 
Овој шведски хотел “The Sala Silvermine VIP” може слободно да се нарече на

Пронајдете не на следниве мрежи: