Човек од Србија тврди дека е реинкарнација на Никола Тесла

Роман Толиќ, експерт на ОН, припрема филм „Return of Tesla“ за човекот со потекло од Белград кој тврди дека е реинкарнација на Никола Тесла и на кого ова име го пишува во сите официјални документи.
По враќањето од „Отпишаните“ , се враќа Никола Тесла, меѓутоа овој пат не како игран, туку како документарен филм. „Враќањето на Тесла“ – е вистинска приказна за сретнувањето на режисерот Роман Толиќ и човекот кој за себе тврди дека е реинкарнација на Никола Тесла (46).

Толиќ направил ексклузивно интервју со реинкарнираниот Тесла и во него детално зборува за својата реинкарнација, минатото и иднината и дал објаснувања во врска со суштинските прашања кои го движат човештвото. Спомнатото интервју е дел од филмот, за кој сега режисерот бара финансиска помош за да се реализира до крај.
Роман Толиќ кој е носител на бројни меѓународни признанија, како и експерт во Обединетите нации, до сега оваа иновација и целата продукција ја финансирал од сопствен џеб.
Режисерот наведува дека би бил среќен доколку оние луѓе кои се во можност да дадат барем 1 долар за продукцијата и неговиот главен протагонист останат потполно независни.
– Тесла секогаш зависел од моќните поединци и финансиери. Денес, благодарение на него имаме струја, медии, мобилни телефони, интернет, и сите сме во мрежа. Кампањата за микрофинансирање започнала во сабота 25 мај, во 12:00 часот, преку интернет.  Најавната шпица за филмот е направена во холивудски стил и многу ветува.
Поднаслов на филмот е „Бесконечност и Вечност“ – бидејќи Тесла во филмот изјавува:
„Бесконечност во просторот и вечност во времето. Нема граница ниту во просторот ниту пак во времето.“Роман Толиќ, експерт на ОН, припрема филм „Return of Tesla“ за човекот со потекло од Белград кој тврди дек

Пронајдете не на следниве мрежи: