Украинката др Татјана Анисимова Бјелоус (65), мајка на пет деца, починала во операциона сала во болница во Одеса, нејзиното семејство дошло по телото. Семејството се прашувало зошто никој не ги повикува и покрај тоа што поминале 72 часа по нејзината смрт.
Им било соопштено дека таа оживеала во мртовечница.Тие зачудени ги прашале како е можно мртов човек по три дена да оживее? Веднаш го откажале погребот и на сите им објасниле дека жената всушност е жива. Па скоро сите на сопругот му рекле дека полудел кога им го соопштил тоа.
Имено, жената тврди дека нејзината душа отишла во рајот, чистилиштето и пеколот.
-Откако ги видов пеколот и рајот и стоев на подножјето на Божјиот престол влетав во своето тело со голема болка. И тогаш ја видов собата, плочките на ѕидовите и жена во бел мантил. Жената се шокира кога ме виде, изјави Татјана.
Почна да вика, ја прашав а што викаш ти кога мене се ме боли – истрча од собата како попарена.
Набрзо во мртовечницата влегол хирург, нејзиниот бивши професор од факултет.
– Не! Не! Тоа не е можно! Ти си мртва, рече тој, а Татјана се покрила и рекла дека сепак е жива
Таа го опишала патувањето низ рајот и пеколот. Се почнало во операционата сала. Стоела покрај масата и гледала како ја оживуваат. Му викала на хирургот дека не сака да ја спаси но тој не ја слушал. Тргнала низ болничкиот ходник. На неговиот крај го видела сопругот како се моли за нејзиното здравје. Се обидела да му каже дека е добро и да не се грижи, но тој не слушнал.
– Во еден момен се најдов во тунел кој беше ладен, темен и влажен и се чуствував како да одам низ мочуриште, но на крајот видов светлина. Во неа се наѕираше лик на човек во бело кој леташе. Помислив дека е Исус. Кога дојдов пред него паднав на колена, а тој ми рече „Стани, пред мене не смееш да клекнуваш, јас сум ангел, ме испрати Бог“, раскажува Татјана.
Тој не знаел зошто Бог, баш неа ја избрал, а потоа и ги покажал рајот и пеколот и и’ дал задача да сведочи во негово име.
Бог и покажал како небото се отвара. Ја видела земјата и јасно ги видела сите луѓе на неа. Повеќето биле грди – прашала зошто – и кажале дека сега ги гледа нивните срца а не само нивното лице.Потоа влегла во рајот. Газела по росна трева и видела едно младо момче кој и рекол ,,мамо,, тоа бил нејзиниот син кој починал на 10 месечна возраст, потоа видела човек на околу 30 години – тоа бил нејзиниот татко, го препознала. и рекол што бараш ти тука не ти е време. сакав да ги гушнам но ангелот не ми даде. Потоа ме одведоа пред сјајниот престол на бог – клекнав пред него – сакав да го видам неговото лице но не успеав.
Ме праша што сум сторила за него, реков дека сум се молела. тогаш се отвори една книга. се видов себе како ја читам библијата но селективно и само тоа што мене ме интересира, а и не размислував за тоа што читам туку што ќе правам за ручек, за проблеми на работа, за што обврски ме чекаат. почнав да плачам и да барам прошка, а тој ми рече не мораш да бараш прошка твоите гревови се простени преку Исус. И ја видов голгота – и јас стојам таму. Потоа ми рече дека ќе ме врати на земјата да им кажам на луѓето што сум видела, но претходно да го видам пеколот.
Неверојатен мирис на изгорено месо, без вода чуствував како ми пука кожата, првото чистилиште – чекаат судење гледаат кон рајот а не можат да влезат во него. Потоа ја видов својата баба – беше во агонија. Се зачудив зошто таа беше побожна, одеше редовно во црква – и до ден денес не дознав што сторила за да заслужи пекол. Постои и место каде што се абортираните бебиња – викаат ,, не ме убивај сакам да живеам – ќе те сакам мамо,, тие ќе влезат во рајот ако нивните мајки се покајат на земјата – а ако не чекаат како сведоци за стореното од нивните родители.
Откако видела што Бог сакал да и покаже, ангелот лесно ја турнал и таа се вратила во своето тело.
Не знам зошто ме одбрал мене, ниту одев редовно во црква, ги учев децата да се плашат од бог поради религијата и традицијата, но не ги учев да го сакаат, сум била и лоша, сум ги тепала децата понекогаш, сум се карала со колеги, била стрвна и сакав повеќе за себе – навистина не знам зошто мене ме одбра, сведочи Татјана.
Извор: denesen.mk
Украинката др Татјана Анисимова Бјелоус (65), мајка на пет деца, починала во операциона сала во болница во Одеса, нејз