Во својата книга Марина Чепман открива како мајмуните ја научиле да преживува откако киднаперите ја пуштиле во прашума.
Сега таа е домаќинка во Англија, а таа тврди дека кога била дете пет години поминала во џунгла во Колумбија каде ја одгледале мајмуни.
Експертите не можат да најдат доказ дека таа фантазира бидејќи раскажува се до најситниот детал.
Ги имитирала нивните крици, начин на исхрана и качувањето на дрво.
Нејзината приказна започнала во 50-тите години, кога била киднапирана од својот дом во Колумбија, кога имала само 4 години.
Во своите мемоари „ Девојката без име“ се присетува на моментот кога се разбудила во шума.
-На неколку чекори од мене стоеја мајмуни и ме гледаа. Набрзо еден ми пријде, а јас се уплашив. Ме турна, очекував дека ќе ме нападне, но тој само се врати кај својата група и продолжија да ме набљудуваат.- вели Марина.
Зборува дека уживала во нивното друштво и дека биле како семејство, но дека имало ноќи кога плачела цело време поради осаменост.
Подоцна ја пронашле ловци кои ја продале како проститутка пред да заврши во Англија, каде што се омажила за црковен службеник.
Сега има две деца и три внуци, и живее со својот маж во Англија. Таа мисли дека има 50 години но не е сигурна бидејќи не знае кога е точно родена.Во својата книга Марина Чепман открива како мајмуните ја научиле да преживува откако киднаперите ја пуштиле во прашума