Видео: Фановите го повредија Ѓоковиќ

Репрезентацијата на Србија ја победи селекцијата на Италија во првото коло од групата „А“ од Хопман Купот, приказната можеше да има несреќен крај за Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер долета во Австралија од Абу Даби каде во саботата ја одбрани титулата на егзибицискиот турнир. 25- годишниот српски тенисер го победи Андреас Сепи со резултат 6-3 и 6-4 и и донесе на Србија победа со оглед на фактот што претходно Ана Ивановиќ беше подобра од Франческа Скиавоне со резултат 6-0 и 6-4.

Ѓоковиќ забележа повреда откако попушти оградата под притисокот на фановите и му падна на левата нога.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: