Многу луѓе немаат ни идеја како да аплицираат за работа или поточно не знаат како да се „продадат“ себеси на работодавачите. Затоа ви преставуваме неколку совети кои доаѓаат дирекно од многу менаџери на човечки ресурси за тоа како да имате поголем успех во аплицирањето и со најбитниот дел од сето тоа- мотивационото писмо.
Фокусирајте се на писмото
пишувајќи добро мотивационо писмо е вашата најдобра шанса да бидете забележани. Ако мотивационото писмо не е добро напишано, работодавачите нема ни да го погледнат вашето CV.
Нека биде што пократко
Обидете се да не „развлекувате“ премногу во писмото, затоа што менаџерите на човечки ресурси нема да одвојат повеќе од 30тина секунди од своето време за да го прочитаат. Ако на пример, се интересирате за новинарство, тогаш треба да се претставите себеси и зошто сакате да ве вработат во не повеќе од 200 зборови. Многу ретко се вработени луѓе со предолго мотивационо писмо. Истото важи и за CV-то.
Избегнувајте чудни фрази и не бидете премногу формални
Воведен дел како „Со оваа изјава, јас го искажувам мојот интерес за позицијата која ја наведовте во оласот на вашата веб страна“ се несмасни и непожелни и треба да се избегнуваат.
Вие сте вашиот најдобар адвокат
Ако вие не верувате дека сте најдобриот кандидат, како би поверувале работодавачите. Во тој случај, избегнувајте фрази од типот на „ сигурен сум дека добивате многу квалификувани апликанти за оваа работа, кои многу од нив се поквалификувани од мене“… со ова само ќе им внесете мисла на работодавачите дека не сте најдобриот кандидат за таа позиција.
Објаснете кои придобивки ќе ги има работодавецот ако ве одбере токму вас
Многу често оние кои аплицираат за одредена работа, во своето мотивационо писмо кажуваат што ќе донесе за нив работејќи на тоа место, но забораваат да кажат кои придобивки ќе ги има работодавецот ако ве избере токму вас. Тоа е голема грешка. Објаснете како одбирајќи ве вас, компанијата ќеима корист од вас.
Не ги опишувајте вашите животни доживувања
Не раскажувајте каде сте живееле, кои се вашите хоби, дали сте студирале во странство и колку убаво сте си поминале таму. Оставете го тоа за разговор со пријателите, но не и кога пишувате мотивационо писмо.
Не се важни кои курсеви сте ги земале, туку вашите резултати
Работодавците многу повеќе се интересираат што сте постигнале за вештините кои се барани за работната позиција, отколку што сте учеле.
На крај, дипломата не е секогаш најважна.
Не значи дека секој што има диплома, дефинитивно ќе биде вистинскиот човек за таа работна позиција. Многу е побитно искуството надвор од рамките на факултетот и колку успевате да се снаоѓате во различни ситуации, со разлучни луѓе итн.
Ако ги следите овие инструкции, би имале добра шанса да стигнете во првите неколку писма кои ќе ги воодушват работодавачите.Фокусирајте се на писмото
пишувајќи добро мотивационо писмо е вашата најдобра шанса да бидете забележани. Ако мотивационот