Старата изрека вели дека не е битно што знаеме, туку кого знаеме, а тоа го потврдува и денешната деловна практика во која повеќето работи се добиваат преку некаков вид на препорака. Познанствата секако играат голема улога во бизнис светот, па затоа прочитајте ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да изградите корисна мрежа на контакти.
Поврзувајте се со целТрудете се кога го ширите кругот на деловни луѓе добро да одберете и да се определите за оние што може да ви помогнат, но секако и на оние на кои вие би можеле да им бидете од корист. Бидејќи на почетокот не знаете кој е кој, мрежата ќе биде поголема. Секогаш имајте јасна цел за тоа што сакате бидејќи така луѓето полесно ќе може да ви помогнат.
Смешкајте се и бидете љубезни
Немој да бидете пресериозни и секогаш да зборувате за работата, туку обидете се да воспоставите природна и лесна комуникација во која ќе го слушате соговорникот и ќе ги памтите деталите што ви ги открива. Со љубезната насмевка ќе направите на луѓето да им е удобно ва ваша близина и ќе ги опуштите, додека сериозниот изглед би можел да ги уплаши.
Прво слушајте, па зборувајте
Почнете со сигурно прашања до соговорникот, најубаво околу неговите интереси. Ако поради ништо друго, тогаш барем поради љубезност разговорот спонтано ќе се заврти и кон вас, а тоа ќе ви даде прилика да со спомнете она што всушност ви треба. Секогаш спомнувајте си дека мрежата на деловни контакти се гради така што и вие треба да бидете подготвени да им помогнете на другите
Земајте визит карти
Ова правете го ревносно, но потрудете се да изработите и свои. Тоа одава впечаток на деловност и ви помага полесно да се претставите.
Циркулирајте
Не го поминувајте времето во својата зона на удобност, со малкуте луѓе што веќе ги знаете. Трудете се да најдете нови прилики за запознавање нови луѓе. На големи собири потрудете се да поминете барем по 10 минути со што поголем број присутни.
Одржувајте ги контактите
На луѓето што сте ги запознале, секогаш пратете им по некој мејл во првите денови после средбата. Потсетете ги за што сте заинтересирани, но нагласете дека и вие им стоите на располагање. Потрудете се да не праќате стандардизирани пораки туку пораки во кои ќе се содржи и она за што сте разговарале/ Останете во комуникација со нив и нека не ве мрзи да им испратите од време на време и некојаинформација или линк за работите што мислите дека може да им бидат од помош.Познанствата секако играат голема улога во бизнис светот, па затоа прочитајте ги овие неколку совети кои ќе ви по