Пет начини како да ја подобрите комуникацијата

Во споредба со техничките вештини и искуство, комуникацијата може да се чини небитна, бидејќи многумина мислат дека разговорот е едноставна работа. Но комуникацијата е сепак нешто повеке од пренесување на пораката.Не само што е важно тоа е она што го кажувате, туку и како го кажувате. Позитивната комуникација може да ја зајакне вашата љубовна врска, но и да ви помогне да напредувате на работното место. 
Еве неколку совети за подобрување на комуникацијата: Бидете свесни за невербалната комуникација 
Овој тип на комуникација, најчесто погрешно или воопшто не се интерпретира. Повеќе од 90% од комуникацијата се одвива невербално, а не сме ни свесни колку работи може токму таквата комуникација да ни открие. Тоа вклучува сѐ, од начинот на кој сме облечени и нашата фризура, говорот на телото, држењето, контактот со очите, па до целокупниот став и однесување. Кога вашите невербални вештини не се во склад со вербалните, луѓето нема да ви веруваат без оглед на тоа што ке кажете. Ќе му веруваат само нa вашиот говор на телото.
Слушајте
Една половина од комуникацијата зависи од слушањето. Ако не можете да слушате, не можете ни да учите. На луѓето кои тоа го можат, повеќе им се верува, и имаат повеќе контрола. Бидете веродостојни
Довербата е повеќе поврзана со однесувањето отколку со комуникацијата. Немојте да озборувате, бидете личност од збор, и придржувајте се до она што го зборувате.
Барајте повратна информација
Отвореноста кон потенцијалните критики им покажува на луѓето дека сте заинтересирани за она што го работите, и дека сте отворени за промени кон подобро. Луѓето ќе ја почитуваат вашата способност да слушате критики, а и ќе бараат од вас повратна информација, мислење и критика. Кажете го своето мислење
Бидете проактивни, бидејки комуникацијата служи и за самопромоција. Но, постои разлика меѓу наметливост и пристојнот. Секогаш добро размислете пред да кажете нешто многу важно. Запрашајте се дали тоа што ќе го кажете ќе го слушнат оние што треба да го слушнат, за кого е прикладен таков начин на комуникација и дали е подобро тоа да го кажете со зборови или во пишана форма. И не заброавајте, дека да се разговара, е многу повеке од само да се зборува.
извор:karmin.tocka.com.mkНе само што е важно тоа е она што го кажувате, туку и како го кажувате. Позитивната комуникација може да ја зајакне вашата љубовна врска, но и да в

Пронајдете не на следниве мрежи: