Како да создадете победничка бизнис идеја во 6 чекори

Ако се чувствувате некреативно и тешко ви е да создадете свој бизнис план и да смислите нова идеја, еве неколку чекори, објавени во Форбс магазинот, кои треба да ги проследите.
Непресушни идеи
Неверојатни идеи за нови продукти има насекаде и само чекаат да бидат комерцијализирани. Идеите се достапни за сите, во секој момент.
Идеите може да бидат мали и едноставни, или големи и комплексни, произлезени од можеби од вашето хоби.
За оние што имаат проблем со увидување на нови работи, може да се обратат до Универзитетите каде што секогаш има нови истражувања и производи што чекаат некој да поверува и да вложи во нив.
Знаење
Идеите обично се создаваат од познати факти, не паѓаат од небо. Идеи се раѓаат преку постојано учење нови работи, слушање на потребите на муштериите, податоци собрани за произведените и продадени производи, маркетинг истражувања или проучување на веќе етаблираните процедури.
Поврзување на точките
Создавањето идеа е откровение кое е резултат на способноста на личноста ментално да ги открие врските помеѓу две или повеќе различни, но поврзани факти.
На пр. Џ. Трејси Хол, хемичар и универзитетски професор, пред 60 години ги комерцијализирал дијамантите направени од човек. Неговата идеја произлегла од неколку познати факти:
а. природата во изобилство формира дијаманти
б. тоа е хемиски процес
в. се случува под висок притисок и
г. голема топлина
Од овие факти, тој доаѓа до идејата да создаде вештачки дијаманти.
Тестирање на идејата
Најпрво го набљудувате проблемот или можноста. Се прашувате што се случува и зошто. Ова доведува до солуција.
Тајминг
Некои иновативни идеи веднаш ќе ги пресретнат потребите на потрошувачите, додека други нема да бидат барани, бидејќи може се уште не им е време. Запомнете дека повеќето од работите што се произведуваат денес, особено во компјутерската индустрија, биле осмислени пред 30 години, а на пазарот доаѓаат многу подоцна.
Добра идеја?
Запомнете дека идејата не вреди ништо се додека не се комерцијализира и додека луѓето не плаќаат за неа.
Некои идеи ќе бидат високо профитабилни, други ќе доживеат неуспех. Научете веднаш да ги елиминирате лошите. Не ги трошете своето време, пари и енергија.
извор:lady.mk
 Ако се чувствувате некреативно и тешко ви е да создадете свој бизнис план и да смислите нова идеја, еве неколку чекори

Пронајдете не на следниве мрежи: