Надворешниот изглед е многу важен за кариерата и ќе се излажете ако си помислите дека никој не оценува како сте облечени додека сте на работното место. Дрес-кодот варира од фирма до фирма. Ако сте дел од сериозна институција, којашто постојано е во контакт со клиенти, тогаш сигурно ќе треба да почитувате строго дефинирани правила за формално облекување. Доколку пак сте вработени во мала фирма, најверојатно стилот на облекување ќе биде полежерен, но тоа не значи дека не постојат правила кои треба да бидат почитувани и парчиња облека што треба да бидат избегнувани.
Еве кои се најчестите женски грешки во врска со деловната облека:
Предлабоко деколте. Најголем дел од експертите се согласуваат дека откривањето на деколтето е најчестата грешка на жените кога станува збор за изборот на облека за на работа. Многу жени го прават тоа несвесно, но сепак, впечатокот кој се остава е еднакво лош. Истражувањата покажале дека жените чиј стил на деловно облекување е премногу секси најчесто се игнорирани кога се зборува за унапредување.
Кратки/мини здолништа. За жените важи правилото: колку повеќе кожа покажувате, толку помалку влијание имате. Се смета дека жените кои носат кратки здолништа сакаат со тоа да компензираат за недостатокот на способности во другите области и се сфаќаат помалку сериозно.
Претесна и/или преширока облека. Ако носите претесна облека, ризикувате да покажете повеќе отколку што сакате. Сите ќе забележат дека едвај дишете стегнати во вашите пантолони или пак дека не можете да го закопчате сакото, а тоа нема да ви помогне да изгледате како професионалец. Од друга страна, прешироката облека прави да изгледате несредено и премногу лежерно.
Проѕирна облека. Белата кошула е класично парче облека и е незаменлив дел од деловната облека. Но, при изборот треба да бидете внимателни. Често материјалите од кои се направени кошулите се премногу проѕирни и преку нив може целосно да се види вашата долна облека. Доаѓањето на летото ги искушува многу жени да се појават на работното место со лесни широки фустани и блузи изработени од проѕирен материјал. Но, можноста да се види вашата долна облека е неприфатлива ако сакате да делувате професионално.
Премногу модни додатоци. Модните додатоци се најефективниот начин да внесете стил и индивидуалност во надворешниот изглед по кои ќе бидете препознатливи. Но, ако претерате, ризикувате вашиот стил да биде запаметен на негативен начин.
Тренди искинати фармерки и маички со интересни натписи. Оваа комбинација зачувајте ја за низ град. Дури и во петок, кога е дозволен полежерен стил на облекување, неприфатливо е да се појавите на работа во искинати фармерки и маичка со закачлива шега, затоа што во вашиот изглед ќе нема ниту „С“ од сериозност.Надворешниот изглед е многу важен за кариерата и ќе се излажете ако си помислите дека никој не оценува како сте облече