Модерниот живот е многу стресен и хаотичен, па дури и само пет работни денови можат да влијаат на вас. Стресот како хронична состојба може да остави големи последици за вас и вашето здравје. Доколку се пронајдете во некои од овие симптоми, време е да размислите за сопственото здравје.
Западнавте во летаргија?
Чувството на летаргија и замор е првиот знак дека претерувате со работа. Не спиете осум часа во текот на ноќта? Не се храните правилно на работа? Ова се сигурни знаци дека се туркате себеси преку работ.
Недостаток на ентузијазам?
Кога работите претерано, брзо доаѓа до заситување и повеќе не уживате во својата работа. Ова може да влијае врз односите со членовите на семејството и пријателите. Работата толку ве исцрпува што нема место за среќата која ја прават малите работи.
Депресивни сте?
Сериозен сигнал може да биде депресијата. Анксиозноста е знак дека сте ја достигнале точката од која нема каде. Сакате да дадете отказ, но не можете бидејќи ви требаат пари. Ништо не ве прави среќни? Секогаш се чувствувате потиштено и не се радувате на иднината затоа што не гледате смисла во неа.
Неактивен сексуален живот?Доколку сте пренатрупани со работа која притоа најверојатно ви создава стрес, ќе увидите како влијае врз сексуалниот живот. Кога ќе дојдете дома веднаш легнавате во кревет и пуштате телевизор? Физичкиот и менталниот стрес прво остава последици по вашиот секуален живот.
Сиромашен друштвен живот?
Излегувањето на кафе со пријателите е нешто што се поретко и поретко го правите? И кога ќе излезете само размислувате за тоа кога ќе се вратите дома и ќе легнете во својот кревет? Незаинтересираноста за дружење со луѓе е еден од основните знаци дека сте презаситени со работа.
извор:lady.mkМодерниот живот е многу стресен и хаотичен, па дури и само пет работни денови можат да влијаат на вас. Стресот ка