Не морате секогаш да бидете строго деловно облечени, но доколку сакате да оставите впечаток на сериозна и одговорна личност, некои парчиња облека не би требало да ги шетате низ канцеларија. Погледнете кои се најважните правила на деловно облекување.
Облекувајте се во склад со работата која ја работите, а не спрема модните трендови
Носете собрана или подигната коса кога носите сако, ќе делувате посериозно и елегантно
Склад на боите, едноставност, умереност и одмереност се основните работи кон кои треба да се придржувате кога се облекувате за во канцеларија
Бои кои доаѓаат во предвид за комплети се сива, тегет, црна, беж и кафеава
Јаки бои можете да користите на деталите како колан, марама или брош.
Кошулата е единствено парче облека кое смее да биде во некоја актуелна боја
Длабочината на деколтето смее да биде во висина на пазувите
Маиците носете ги со округол, четириаголен или v- израз. Важно е да не биде предлабок.
Должината на здолништето смее да биде пет сантиметри над колена.
Кошули, блузи и маици- еднобојни или дезенирани можете да ги носите со ко мплети. На провиднитематеријали местото им е дома.
Панталони кои се примерни за во канцеларија треба да бидат со рамен крој и класична должина. Можете да се одлучите и за цигата-панталони, тесни и долги до глужд.
Деталите даваат личен печат и живост на секоја комбинација.
Забранети се чевли со отворени прсти, а сандали не доаѓаат во предвид. Идеална висина на потпетици е од пет до седум сантиметри.
извор:lady.mkНе морате секогаш да бидете строго деловно облечени, но доколку сакате да оставите впечаток на сериозна и одговор