Потрагата за работа во странство често е компликувана и несигурна, што му дало идеја на Андреј Росиќ од Бањалука да го покрене првиот регионален поратал на кој луѓeто од БиХ, Црна Гора, Србија и Балканот може да најдат огласи за сите работи во ЕУ-преведени на српски јазик, а се наоѓаат тука www.euposao.de.-Пред околу половина година тргнав во потрага за рабoта и тогаш преку разговoр со луѓето, сфатив дека многумина сакаат да работат во странство, но не знаат како да дојдат до работа. Почнав да се распрашувам околу правните регулативи на ЕУ, како би утврдил како можам да ја реализирам идејата и на крај сам потпишав договор со оваа германска комапнија и покренав сајт – раскажува Андреј.
За само две недели од основањето на сајтот му пристигнале огромен број на пријави, а работните позиции на неговиот сајт се од сите области. Покрај огласи за работа, на сајтот може да се најдат и корисни совети за заминувањето и животот во Германија, но Росиќ наведува дека целта не е „бркање“ на сите паметни и талентирани луѓе од земјата, туку пружање на можности на луѓето да најдат работа и да стекнат искуство кое подоцна доколку сакааат, може да го искористат и во својата матична земја.
Во моментов се достапни преку 380 огласи за работа во секои осум категории. Тоа се занимања кои се дефицитарни во Германија и за кои работодавците може легално да вработуваат луѓе од нашиот регион. Германската влада секоја година издава список со тие дефицитарни занимања и врз основа на таа листа работодавците можат да добијат работна дозвола и за работници кои сакаат да се вработат а кои не се државјани на земјите од ЕУ.
Извор: 24сата.рс-Пред околу половина година тргнав во потрага за рабoта и тогаш преку разговoр со луѓето, сфатив дека многумина сакаат да работат во странство, но