Сите ангажирани лица во јавниот сектор без решен статус треба да бидат редовно вработени согласно Законот за трансформација во редовен работен однос, кој беше донесен минатата недела во македонското Собрание на предлог на Владата. Оттогаш течат роковите за склучување на договорите на работодавачите со вработените, пренесува МИА.Со Законот ќе бидат опфатени над 3.000 лица кои работат со години во државни институции и органи на определено работно време преку разен вид договори. Институциите кај што се ангажирани вработените се должни во рок од 30 дена да склучат договори за редовен работен однос со ангажираните лица.
Со Законот се предвидува сите лица кои биле ангажирани во работен однос кој не бил од траен карактер, односно не биле редовно вработени, а биле ангажирани во таков работен однос најмалку три месеци заклучно со 30 ноември 2014 година и имаат важечки договори во моментот на трансформација да склучат договори за вработување на неопределени време. Со амандманска интервенција во Законот е дозволен прекин на договорите во периодот по 30 ноември 2014 година, но не подолго од еден месец.
Триесет и пет проценти ќе добијат решенија за трајно вработување веднаш по стапувањето во сила на Законот, уште 35 проценти од 1 декември годинава, а останатите од 1 септември следната година.
Приоритет во однос на динамиката за стапување во сила на договорите за редовен работен однос ќе имаат лицата кои се ангажирани во институцијата најдолг временски период, односно први ќе бидат редовно вработени тие што работеле најдолго.
Во периодот до стапување во сила на договорите за редовен работен однос лицата нема да останат без приходи, односно и понатаму ќе бидат ангажирани во институцијата на начинот на кој и во моментот се ангажирани, односно со волонтерски договор, договор на дело, авторски или друг договор и ќе добиваат паричен надомест по основ на тие видови договори.
Законот предвидува за овие лица да нема прекин во нивниот работен однос и на платата, односно ќе работат и ќе земаат плата, а ќе бидат воведени во редовен работен однос согласно утврдените периоди, односно дел веднаш, дел во декември оваа година и дел во септември следната година.
Со Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос се предвидува решавање на статусот на неколку илјади лица ангажирани по основ на волонтерски договори, договори за дело, авторски договори или друг вид договор во органите на државната власт, установите од областа на културата, образованието, здравството, детската и социјалната заштита основани од државата и единиците на локалната самоуправа, како и јавните претпријатија, заводите, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија.
Предлагачот на Законот смета дека со него ќе се надмине предизвикот со кој се соочуваат голем број граѓани поради нерешениот работен статус, бидејќи, како што беше истакнато при образложувањето на Законот, оваа наследена ситуација создавала чувство на постојана неизвесност кај овие лица кои иако извршуваат значајни и одговорни работи.
Со остварувањето право на редовен работен однос на оваа категорија граѓани истовремено им се зголемува одговорноста во извршување работни обврски и задачи и се обезбедува социјално осигурување и остварување на сите права од редовен работен однос, што треба да влијае и на позитивноста и на продуктивноста, ефикасноста и на ефективноста на трудот.
За да се реализираат договорите Министерството за финансии издава согласност за обезбедени финансиски средства за трансформација во работен однос на неопределено работно време, на барање на институциите. Кон барањето до Министерството за финансии, институциите задолжително доставуваат потврда за извршени исплати на хонорарите за ангажираните лица.
– Законот е веќе изгласан во Собранието и веќе почнаа да течат роковите од 30 дена. Владата апелира до сите раководни органи на институциите каде што функционираат лица за кои важи овој закон, веднаш да почнат со оперативни процедури за реализација на трансформациите. Во Министерството за финансии во секој момент се отворени и подготвени за давање на совети за реализација на процедурите и за насочување на институциите за поефикасно спроведување на законот, вели за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Постапката за пријавување на лицата со кои се склучени договори за работа, односно за кои се донесени решенија за вработување, во Агенција за вработување на Република Македонија, покрај пропишаната документација опфаќа и приложување на горенаведената согласност од Министерството.Со Законот ќе бидат опфатени над 3.000 лица кои работат со години во државни институции и органи на определено работно време преку разен вид догово