ЧУЈТЕ И ПОЧУЈТЕ: Лажните профили на Соросовите платеници и партиски војници паѓаат како круши на Твитер. Кој ги собра за да не изгнијат на земја?Каде им се силата и отровот кога ќе се разоткријат нивните лица и кога маските ќе паднат на земја?
Сосема е поинаку кога се навредува врз било која основа и луѓето се нарекуваат со секакви погрдни имиња. Но, кога треба да се преземе одговорност, или се бришат профили или пак се блокираат неистомислениците.
Најчиста работа: огради се од сѐ или сокриј се како кукавица и чекај го погодниот момент повторно да ја отвориш устата и да раструбиш за тоа колку се глупави луѓето, колку не им прима црпката, итн.
Порано Твитер беше место на кое едната страна можеше да право што сака и да пласира секакви лаги и манипулации со цел да се искриви позитивната слика на луѓето за случувањата во земјава или пак за било што друго.
Обновена инфраструктура, патишта, железница, училишта – се плука, обновени студентски домови – се плука, намалување на невработеноста – се плука, се пцујат владините пратеници и сѐ живо и диво – немање слобода на говор… Дали гледате што тука не чини?
Доаѓаме до една интересна ставка дека слободата на говор се сфаќа релативно во платеничките редови. Навредите, плукањата, нападите, лагите, манипулациите, сплеткарењата и спинувањата зарем не спаѓаат во слобода на говор?
Во овој наш виртуелен циркус имаме различни егзотични и шарени лаги. Некои слепо ќе им поверуваат, други добро ќе си ги протријат очите и ќе сфатат дека шоуто трае сѐ додека некој плаќа за одредени персони да глумат кловнови и добро дресирани животни на социјалните мрежи.
Кога ќе се исцрпат средставата или ќе се открие кој стои зад кловновската маска, шоуто замира. Дајте, ве молиме, бидејќи толку ветувате за народот. Дајте и ние да погледнеме бесплатно што ќе се случува понатаму. Можеби немаме многу да платиме, но секако би сакале да нѐ удостоите со некој мини перформанс. Чисто да видиме до каде може да оди перчењето без некој да шушне со девизи до увцето.
Сѐ дотогаш драги наши, можете да блокирате и да спинувате, но никако не можете да го блокирате гласот на вистината… запрашајте се сами зошто!
Блокирате вмровци на твитер јер:
— Соросов Калифат (@SetajBranko) November 3, 2015
Каде им се силата и отровот кога ќе се разоткријат нивните лица и кога маските ќе паднат на земја?
Сосема е поинаку кога се навредува врз б