Интеграцијата во ЕУ е нашата главна стратегиска определба, вели во интервју за „Агенција Анадолија“ вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.– За нас, европската интеграција е надворешен главен приоритет поради условите за подигнување на стандардот на живеење во Република Македонија, сигналот на стабилност, можноста за привлекување странски инвестиции, а истовремено, процесот на европската интеграција е најсилниот кохезивен фактор во Република Македонија што ги обединува сите политички структури, и мислам дека со враќање на кредибилитетот во еден таков процес во голема мера би ги релаксирале и внатрешните политички процеси, кои се услов за натамошен развој и обезбедување подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија, вели Попоски.
Говорејќи за политичката криза во земјата и за договорот за нејзиното надминување, кој беше потпишан мината година меѓу најголемите политички партии во земјата, Попоски истакна дека минатото лето со овој договор, всушност е договорен излезот од таа криза.
„Доколку погледнеме што содржеше тој план, повеќето точки, би рекол, речиси сите се исполнети, меѓутоа една клучна точка не е спроведена, а тоа се изборите, кои требаше да се одржат во април, а потоа во јуни. Изборите што беа дел од барањата на најголемата опозициска партија и за која постоеше согласност меѓу владината коалиција и опозициските партии, да бидат спроведени“, вели Попоски, кој смета дека излезот треба повторно да се насочи кон спроведување на изборите, но смета дека голем дел од обврските што беа преземени минатото лето се исполнети.
„Изненадивме со фактот што голем дел од многу тешките обврски беа спроведени во претходниот период“, вели Попоски. Тој смета дека единствениот начин земјава да ја надмине кризата ќе биде со домашни ресурси, односно преку дијалог на политичките партии.
„Не верувам дека некој однадвор, од каде и да доаѓа, може да ги реши проблемите во Република Македонија на политичко ниво доколку ние самите не го сториме тоа. Добро е што се покажува определен интерес од европските партнери и од Америка, бидејќи, сепак, голем дел од проблемите веројатно не би се случувале, или не би се случувале на таков начин доколку ние имавме кредибилен пат за интегрирање со Европската унија и НАТО“, смета Попоски.
Тој истакна дека не мисли оти тоа е причината за определени конфронтирања, бидејќи, како што вели, политички конфронтирања постојат во многу земји што се дел од ЕУ, но се надминуваат на поелегантен начин доколку сте дел од заедницата.
„Многу поголеми проблеми има доколку се соочите со такви политички конфронтирања поради повеќето блокади што ѝ се имаат случено на Македонија кон ЕУ и НАТО и немате кредибилен пат во кој можат сите граѓани да веруваат околу тоа“, наведува македонскиот министер за надворешни работи.
Постигнатите резултати од реализацијата на договорот за решавање на политичката криза од минатата година, одложувањето на предвремените парламентарни избори во два наврата, првпат за 24 април, а вторпат за 5 јуни, Попоски ги смета како немање чувство на опозицијата дека е корисно да се одржат изборите.
„Тоа што го видовме е дека во два наврата се одложуваа изборите поради немање чувство на опозициската партија дека е корисно сега да имаме избори. Тоа не можеме да го санираме на друг начин освен нивна одлука за тоа кога да имаме избори. Во секоја од тие комбинации треба да се посочиме на организирање на изборите, создавање услови што ќе имаат доверба кај сите политички субјекти и, конечно, да оставиме граѓаните да одлучуваат како треба да се однесуваме, кое треба да биде политичкото мнозинство штотреба да ги носи одлуките и одговорноста“, уверува министерот Попоски.
Не треба странските амбасадори да одлучуваат за избори во Македонија
Осврнувајќи се на забелешките на странските дипломати во земјава, посебно на амбасадорите на САД и на ЕУ, кои во неколку наврати излегоа со став дека сѐуште не постојат услови за одржување кредибилни избори, Попоски изјави дека не треба странските дипломати да одлучуваат дали има или нема услови за одржување избори во земјата.
„Не мислам дека кои било амбасадори треба да одлучуваат дали има или нема услови во Македонија. Се согласувам со фактот дека не треба да имаме избори во кои најголемата опозициска партија нема да учествува, бидејќи тоа ќе даде една негативна конотација за самиот изборен процес. Впрочем, и идејата за избори е нешто што го бараше најголемата опозициска партија. Владината коалиција беше со став изборите да се случат во редовен термин, а тоа е 2018 година. Без разлика на ова, им беа нагласени три фактори, Избирачкиот список, климата во медиумите и обезбедување механизми за одвојување на партиското дејствување, државно дејствување и комоција на граѓаните да се чувствуваат дека можат да избираат сами“, вели шефот на македонската дипломатија во разговор за АА.
Со соседните земји и земјите од регионот градиме клима на доверба
„Мошне е значајно што во нашиот регион работиме сѐ повеќе и повеќе на создавање клима на доверба и во рамките на билатералните односи и во рамките на регионалните иницијативи за интеграција на Балканот”, истакнува Попоски, осврнувајќи се на односите со соседните земји и со земјите од регионот. Шефот на македонската дипломатија овие односи ги дели на три нивоа, така што, според неговото мислење, најдобри се односите меѓу земјите штонемаат заедничка граница.
„Јас би ги поделил односите на три нивоа. Едно, најдобри се односите меѓу оние земји што немаат заедничка граница, во Југоисточна Европа тоа е како правило, така што многу полесно од македонски аспект се менаџираат односите со Словенија, Хрватска и БиХ отколку со оние земји со кои имаме реално граница. Втора категорија, земји со кои имаме заедничка граница, а не се дел од ЕУ. Албанија, Косово, Србија би биле земји со кои поедноставно се справуваме во рамките на билатералните односи“, вели Попоски. Најкомплексни односи се меѓу земјите со кои имаме заеднички граници, каде штоедната земја е внатре во ЕУ а другата е надвор, додава тој.
„Во нашиот случај, најмногу напори и енергија би требало да посветиме на односите со Грција и со Бугарија, како членки на ЕУ, чија поддршка ни е неопходна за да станеме дел од тоа семејство и во услови во кои секогаш, барем на Балканот, тие односи се предмет на исполнување на некакви очекувања од другата страна. Ние знаеме со што сме соочени, во поглед на спорот со името, кој ни е главната пречка за европската интеграција, но веруваме дека генералното подобрување на меѓусебните односи во регионот и нашите напори за релаксирање на односите и намалување на тензиите во однос на такви проблематични прашања, како што е спорот со името, за кое чувствуваме многу високо ниво на неправедно оспорување. Со текот на времето мора да влезат во слика на порелаксирани односи. Бизнис-заедницата, туризмот, односите меѓу луѓето се тие штоби требало да ги надвладеат оние политички стравувања штопостојат во нашиот регион.
Договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците е најдобриот можен договор во овој момент
„Договорот меѓу ЕУ и Турција можеби не е идеален во повеќе аспекти, од едната и другата страна има некакви предизвици со кои треба да се соочат страните. Договорот е најдобриот можен договор што би можеле да го постигнеме во овој момент. Мислам дека договорот не треба многу евтино да се отфрла, туку од сите страни треба да се вложат максимални напори за негово спроведување. Колку да изгледа тоа тешко во овој момент, со оглед на фактот што некои од аспектите од неговото спроведување сериозно доцнат“, вели Попоски, коментирајќи го Договорот меѓу ЕУ и Турција за решавање на бегалската криза.
„На пример, само неколку стотици бегалци или мигранти се предмет на тој договор за реадмисија што е досега спроведен, многу малкумина се реалоцирани од приемните земји, пред сѐ, Грција во другите членки во ЕУ, и има низа други проблеми, но јас верувам ова е најдобриот договор и за Турција и за ЕУ и за сите други земји низ кои транзитираат бегалците, вклучително и Република Македонија“, додава Попоски, објаснувајќи го својот став.
„Ниту една земја не може да го реши сама, вклучително ни Турција, ни Грција, ни Германија, ни земјите што се крајна дестинација, затоа неопходен ни е овој договор. Македонија е подобро подготвена отколку што беше во 2015 г. за соочување со голем бран мигранти. Не мислам дека Македонија е во позиција да го реши тој предизвик сама по себе, но мислам дека нивото на комуникација е подобрено и меѓу Турција и Грција, и меѓу Грција и Македонија, и веројатно сите други земји што се на север на таа рута“, истакна Попоски, и додаде дека сега е воспоставена дневна комуникација со грчките власти за избегнување сценарија како оние од минатото лето, кога илјадници мигранти сакаа да преминат од една надруга граница.
„Таа соработка да се пренасочи во правец на дислоцирање на сите оние луѓе што се во шатори да бидат дислоцирани, трасферирани во центри за прием, за кои ЕУ има префрлено пари за да имаат и хуман и безбеден третман“, смета министерот Попоски.
Турција: Еден од клучните партнери за Република Македонија
Турција е еден од клучните партнери за Република Македонија, и во регионален и во глобален аспект, истакнува Попоски, зборувајќи за односите меѓу Република Македонија и Република Турција.
„Исто така, многу значаен фактор што Турција како членка на НАТО е еден од посилните поддржувачи на НАТО во балканскиот простор и членството на Македонија во НАТО. Тука не е битен безбедносниот аспект, кој можеби е помалку релевантен, со оглед на тоа дека не верувам оти има крупни безбедносни закани во балкански контекст, но е голем симбол за стабилност, за релаксирање на определени тензии што постоеле во минатото. Тука мислам дека Турција игра улога на голем поддржувач и на РМ и на другите земји за членство во НАТО-алијансата. Имаме одлични односи во делот на туризмот, економијата и инвестициите. Сето тоа е пресликано и на високото ниво на комуникација и средби што го имаме на највисоко ниво. Тоа би рекол дека е дел од еден стандард што е воспоставен во македонско-турските односи во изминатите децении, и тоа можеме само да го надградуваме во иднина“ , истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервјуто за АА.– За нас, европската интеграција е надворешен главен приоритет поради условите за подигнување на стандардот на живеење во Република Македониј