Александар Медарски: Жените секогаш се со префинет вкус и знаат што сакаат

Во продолжение може да го прочитате интервјуто со Александар Медарски, менаџер на продажба во Техномаркет.Пулс24: Секоја жена обожува да купува работи за својот дом, а вие им овозможивте не само на жените, туку и на мажите им го овозможувате тоа, а притоа им давате и можност да добијат Смарт картичка со која ќе имаат дополнителни поволности при купувањето во салоните на Техномаркет, Coincasa и @Home. Што значи SMART картичката за вашите лојални купувачи?
Александар Медарски: Како резултат од нашето искрено пријателство со купувачите решивме да овозможиме бенефит повеќе за нив со SMART картичката. Сите оние граѓани кои ќе аплицираат за својата лојална SMART картичката ќе добијат право на ексклузивност до голем број промотивни акции, попусти, вредносни ваучери и специјални промоции што се наменети само за членовите во програмата за лојалност на Техномаркет, Coincasa и @Home.
Пулс24: Како може да се аплицира за картичката на кој начин и какви бенефиции ќе имаат вашите купувачи?
Александар Медарски: Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да имаат своја SMART картичка, можат да аплицираат во било кое продажно место на Техномаркет или тоа да го направат во продавниците на COIN CASA и @HOME. Постои и можност тоа да го направат и online, каде својата апликација треба да преземат, пополнат и пратат електронски преку нашата веб страната https://www.technomarket.com.mk. По изработка на картичката, бесплатно ќе можат да ја подигнат од најблискиот салон на Техномаркет или во салонот што тие сами ќе го одберат.
Пулс24: Исто така, имате понуда од страна на Смарт сервисот која не треба да се пропушти за сите оние што се љубители на големи ТВ екрани. Што овозможува овој СМАРТ сервис?
Александар Медарски: Смарт сервисот е нова услуга во Техномаркет што преставува бесплатна достава и инсталација на сите телевизори со екран поголем од 55 инчи. Сервисот вклучува инсталација на телевизорот, програмирање на тв канали, поврзување на телевизорот со други уреди, како и обука за управување и користење на услугите што ги нуди самиот телевизор. Па затоа, сите оние што сакаат да закажат инсталација, тоа можат да го направат на 02/3088-098 или да пишат на [email protected] и нашите колеги ќе го потврдат точното време за инсталација.

 
Пулс24: Жените како ваши редовни потрошувачи, за што најмногу се интересираат и што најчесто купуваат во вашите салони Техномаркет, Coincasa и @Home?
Александар Медарски: Жените секогаш се со префинет вкус и добро знаат што сакаат кога ќе дојдат во нашите салони. Во Техномаркет најчесто ги интересира промоција на апаратите за домаќинство и бела техника, но во последно време, многу често се заинтересирани и влијаат во изборот и на телевизори. Кога станува збор за продажните салони Coincasa и @Home, тогаш тие таму купуваат се. Овие продавници се полни со уникатни и квалитетно дизајнирани производи што секогаш наоѓаат примена во домот, а жените таа уникатност и квалитет ја сакаат, ја добиваат и ја имаат.
Пулс24: Кои се вашите совети за купување, како да бидат практични и воедно да го заштедат својот буџет?
Александар Медарски: Купувачите треба да го искористат искуството и познавањето на нашите продавачи во врска со производите што се продаваат. Иако имаат потреба од некој апарат за домаќинство, најдобро е првин да се консултираат со нив за полесно да одберат најадекватен производ согласно потребите, а притоа да бидат земени во обзир сите параметри кои влијаат на правилниот избор (бренд, цена, пост продажна услуга, висина на гаранција…)
За сѐ што ги интересира, нашите продавачи стојат на располагање да помогнат и им овозможат да го добијат најдобриот производ по најдобра цена. Секако, препорачуваме да си земат и SMART картичка која овозможува многу бенифити и попусти во купувањето на нашите производи од Техномаркет, Coincasa и @Home.Пулс24: Секоја жена обожува да купува работи за својот дом, а вие им овозможивте не само на жените, туку и на мажите им го овозможувате тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: