Македонија за првпат ќе има можност да ужива во корејската музика, кинематографија и фотографија за време на „Деновите на корејската култура во Скопје“, организирани од Амбасадата на Република Кореја во Бугарија. Во понудените содржини можат да се пронајдат изведби за сечиј вкус, а една од највпечатливите се очекува да биде на акробатското кујнско шоу „Нанта“, кое претставува комичен музички невербален настап.Имавме прилика да поразговараме со членовите на „Нанта“, кои срдечно ни најавија дека специјално за оваа пригода, вечерва ќе ги удостојат присутните со најдобрите делови од нивниот перформанс. Слушнавме што сѐ можат да ни понудат и можеме слободно да кажеме дека вечерва ќе има вистинско шоу кое не смее да се пропушти!
Токму затоа, во продолжение ќе имате прилика малку подобро да се запознаете со работата и идеологијата на „Нанта…
Што претставува Нанта како поим, како збор?
По принцип, Нанта претставува нешто како силен удар, односно нешто впечатливо. И само поради тоа што го искористивме ова значење за да ја оформиме нашата група Нанта, може слободно да кажеме дека „нанта“ како збор стана својствен и има свое уникатно значење. Токму поради тоа, често и се употребува.
Кажете ни, од каде произлезе идејата да готвите додека го изведувате Вашиот перформанс?
Најпрвин, одлучивме дека би било интересно да експериментираме со ситуациите кои најчесто се случуваат во кујната и токму поради интензивноста, решивме да одбереме дека ќе станува збор за хотелска кујна и секако, многу незгоди се случуваат во кујната. Тоа беше главната идеја на почетокот.
Колку долго треба да вежбате пред да изведете некоја точка?
Кога луѓето за прв пат стануваат дел од тимот на Нанта, пред да се појават на сцена треба да тренираат 3 до 8 месеци во зависност од вештините кои ги поседуваат.
Нешто како аудиција?
Да, така испаѓа. Организираме аудиции за луѓето коишто сакаат да станат дел од Нанта и тие мора да поминат низ тој процес и после тоа, ако се избрани да станат дел од тимот на Нанта, тие мора напорно да вежбаат. Постои добра причина за тоа. Користиме опасни предмети додека настапуваме, како што се ножеви и разни други потенцијално опасни кујнски предмети. Токму затоа, со обуката се обидуваме да ги заштитиме идните членови на нашиот тим да не се здобијат со повреди. Ова е причината за долгите подготовки.
Со оглед на тоа дека одбравте кој е најдобриот готвач во вашиот тим, дали сега можете да ни кажете кое јадење ви е омилено за готвење на сцена?
Од корејските јадења, најомилено ни е посам. Тоа претежно се состои од печено свинско месо, со многу зеленчук како додаток и најубаво ни е кога заедно со пријателите уживаме во неговиот вкус. Интересно е дека двајца наши членови се одлични готвачи и во реалниот живот и навистина слободно може да речеме дека секојдневно имаме прилика да уживаме во нивните специјалитети.
Какви вештини треба да поседува одреден кандидат за да стане дел од Нанта?
Со оглед на тоа дека нашиот перформанс се одвива на сцена, потребни се актерски вештини за да се доловат ситуациите колку што е можно поуверливо. Значи, пред сѐ се потребни актерски вештини кои претставуваат основа во целиот процес. Останатото е само плус секако. Како дел од нашиот тим имаме танчари, дури и готвачи како што спомнавме. Така што, на публиката можеме да ѝ понудиме навистина одличен микс на вештини, бидејќи се трудиме секојдневно да ги унапредуваме истите.
Колку обично трае еден ваш перформанс?
Обично, целата верзија на нашиот перформанс трае околу 1 час и 40 минути. За македонската публика вечерва ќе ги издвоиме најбитните елементи од нашиот настап, бидејќи сакаме во најдобро светло да покажеме колку многу може да понудиме и секако, преку нашиот перформанс и вештини да ја доближиме корејската култура до публиката.
Во прилог на тоа и секако во името на Cookin Nanta, ве покануваме вечерва дa го погледнете нивниот перформанс во Македонскиот Народен Театар.
Подготви: Ирина Анчевска
Фотографии: Николина СлавковскаИмавме прилика да поразговараме со членовите на „Нанта“, кои срдечно ни најавија дека специјално за оваа пригода, вечерва ќе ги удостој