Интервју со Сузана Зелениковска-менаџер за продажба во Фибула

Интервју со Сузана Зелениковска, менаџер за продажба во Фибула.1.  Fibula Happy Wednesday е исклучителна новина и акција која ја воведовте за вашите клиенти како попуст до 60 отсто на аранжманите. За каква акција станува збор?
Многу пати досега сме создавале промотивни понуди од различен тип. На нашите клиенти сме им нуделе разни поволности и со дополнителни активности сме се обидувале да им го направиме одморот или патувањето поповолно во однос на цената. Овој пат ја создадовме можеби најатрактивната понуда што со својата ексклузивност отскокнува од сите досегашни. За оваа сезона практика е секоја среда да биде среќна со специјалните попусти за различни хотели од Анталискиот регион. Fibula Happy Wednesday или Среќна среда, како што ја именувавме е акција на попусти и до 60 отсто за голем број на хотели од регионот на Анталија. Станува збор за попусти кои важат и можат да се добијат ако аранжманот за патувањето се уплати истиот ден. Хотелите кои што таа среда се достапни на попуст како и процентот се објавуваат на нашата интернет страница еден ден претходно. Среќна среда акцијата е резултат на реномето и долгогодишната традиција на одлична соработка на Агенцијата со хотелите од овој регион, со кои се склучија посебни договори што опфаќаат секоја среда попусти, за македонските граѓани.
 
 2.       Понудите за лето 2015 веќе се изготвени од ваша страна како агенција, што е ексклузивно оваа сезона?
И оваа сезона подготвивме разнолика и богата летна понуда. Факт е дека цела година во континуитет работиме на создавање на летните аранжмани и во суштина многу рано ја пласираме, за оние клиенти кои имаат можност за рана уплата. Стандардно и оваа година, понудата за Лето 2015 е изготвена и пуштена во продажба уште пред Нова година. Овогодишната ексклузива, ако не зборуваме за извонредните локации, хотели и туристички дестинации, во нашата понуда е изборот на многубројни хотели за кои имаме како тур-оператор договор за две деца бесплатно и тоа за возраст до 15 години, ако патуваат со двајцата родители. Секако дека тука се присутни и многубројни попусти од типот на рани резервации и слично. Во секој случај, понудата на Фибула е толку богата, со многу различни типови на хотели и области, опции и можности, што сигурна сум дека буквално секој може да го пронајде саканиот летен одмор според своите можности и потреби.
 
 3.       Какви понуди сакаат Македонците за летување, кој период им е погоден за летување и за каде интересот е најголем?
Според досегашното искуство во нашата агенција, македонските граѓани сакаат кога одат на годишен одмор и тоа во вистинска смисла на зборот, а тоа ги подразбира сите комодитети кои што хотелите ги нудат. Најчесто избираат хотели што се со услугата„се вклучено“, со плажи кои се со минимална оддалеченост од хотелот, услуга на самата плажа и ред други комодитети. Најпосакуван период за летување остануваат и понатаму  месеците јули и август. Како најпосетувана и најбарана дестинација, пред се заради големиот избор на квалитетни хотели кои нудат најразлични содржини што ги задоволуваат потребите и на возрасните и на најмладите, има за Турција и тоа Анталискиот регион.

 4.       Кои придобивки имаат граѓаните доколку летуваат со Фибула?
Како што веќе напоменав, во нашето дваесетгодишно искуство изградивме реноме и репутација и кај граѓаните но и кај хотелиерите и превозниците, со кои соработуваме, така што во создавањето на понудата и во доставувањето на услугата кон клиентите сите пристапуваме со една заедничка цел – максимална и квалитетна услуга, без никакви отстапки и компромиси. Поаѓајќи од ова, граѓаните односно нашите клиенти добиваат врвна услуга, одлична понуда и преферирана цена. Истовремено, го добиваат она што, можеби денес е најценето во овој бизнис, ја добиваат безгрижноста и комоцијата на еден совршен одмор. Затоа што придобивките од патувањето со ТА Фибула се навремена и одлична услуга,заштеда, задоволство и сигурност.
 
 5.       Со вашата најнова промотивна акција Happy Wednesday, нудите аранжмани со попуст во хотели со кои имате склучено договори а со тоа гарантирате за престојот и квалитетот на услугата што ја нудите, но надвор од вашите договори како граѓаните да се заштитат од аранжмани кои не сосема одговараат на понудите?
Вистина е дека чести се изјавите на разочараност и незадоволство од извесни туристички агенции. Не знам и не можам да кажувам за искуства надвор од Фибула, а за кај нас ги уверувам граѓаните дека тоа не може да биде случај. Пред се заради тоа што, Фибула работи со сигурни и доверени партнери, таа соработка се одвива веќе долги години, второ, сме изградиле репутација на квалитетна туристичка агенција и со секоја наредна сезона ние само ги зголемуваме стандардите на работа и квалитетот на услугата. И на крај, но можеби и најважно, кај нас независно дали се уплаќаат аранжмани за патување по промотивна акција,или по најразлични попусти, клиентите потпишуваат договор за патување во кој што се наведени и ги прифаќаат општите услови за патување и на тој начин се заштитени од најразлични манипулации или невистинити понуди.
 
6.       Како дестинација ја нудите и хотел Изгрев во Струга, има заинтересирани странски туристи кои веќе пристигнаа за дел од турите со чартер летови, тоа значи дека започнувате со успешна летна сезона. Какви се потенцијалите на инкоминг – влезниот туризам во Македонија?
Странските туристи практикуваат многу порано да букираат. Резервациите за оваа, претстојна сезона пристигнуваа уште од есента 2014 година. Во врска со хотелот Изгрев, направена е успешна кампања од наша страна за колегите и соработници од соседните и останатите земји од Балканот со која што беа потенцирани предностите и квалитетот на хотелот и струшкото крајбрежје. Дополнително, неодамна организиравме информативна тура во која беа вклучени и хотели и ресторани од Охридско- Струшкиот  регион која што вклучуваше тридневен престој во хотелот Изгрев. Со ова сакам да кажам дека постојат потенцијали и тие се големи, потребна е само вистинска и правилна презентација на убавините на оваа земја. Ние за тоа не штедиме и веруваме во позитивен исход. Оваа година очекуваме бројката на туристи да се зголеми, секако благодарение на одличната понуда како за сместување така и за понудени екскурзии, разгледи и посети.
 1.  Fibula Happy Wednesday е исклучителна новина и акција која ја воведовте за вашите клиенти како попуст до

Пронајдете не на следниве мрежи: