Интервју со д-р Елена Арсова, 101 Hair Clinic Пулс24: Најлудата ноќ сите ја очекуваат, ја испраќаат старата и ја дочекуваат новата 2015 година, изгледот е најважен особено за девојките и жените кои сакаат да имаат убава негувана коса, што е потребно да сторат?
Д-р Елена Арсова: За да косата изгледа здраво и негувано за Новогодишната ноќ третманот треба да биде темелен. Зимата е најтешката сезона за косата, па веројатно веќе чувствувате дека косата е сува и наелектризирана. Во текот на еден зимски ден, нашата коса е изложена на сувиот и топол воздух во удобно загреаните простории, на сувото и студено време надвор, на ветер, снег, нешистотии во воздухот…Сите овие различни услови на нашата коса и даваат различен степен на влажност и на статички електрицитет. Во суви услови нашата коса губи вода, а во влажна средина апсорбира. Затоа косата трпи многу промени во текот на денот и се оштетува. Првиот чекор што треба да го превземете за да ја спречите сувоста и наелектризираноста на косата е да ја хидрирате, да ја вратите водата во влакното. Хидрираното влакно нема да ја впива атмосферската влага, а и нема толку лесно да ја губи. Затоа пред да ја измиете косата добро е да ја истретирате вашата сува коса со хидратантно и регенеративно масло, како нашето Huile de Palme, на Leonor Greyl. Овој производ со рафинирано копра и монгоно масло, помага да се реструктуираат нишките на косата, да се омекне, расплетка и негува косата. Шампони и кондиционери богати со масла и висококвалитетни состојки без силикони, СЛС и парабени што и помага на косата да остане во одлична форма.Но исто така, за да ја хидрирате косата пијте многу вода и јадете свежо овошје и зеленчук.
Пулс24: Какви се третмани за нега на косата се потребни и за какви типови на коса?
Д-р Елена Арсова: Секој третман е посебно индивидуализиран и зависи од типот на скалпот (масен, сув скалп, перут, итн.), како и структурата на влакното и состојбата на косата (сува, масна, хемиски третирана и оштетена, наелектризирана, слаба коса итн). Спа третманите со водени наночестици се идеални за брзо реструктуирање на кутикулата на влакното, затоа што пенетрираат длабоко во влакното и го хидрираат . Адекватните производи од Leonor Greyl употребени во третманот го враќаат сјајот , еластичноста и убавината на косата.
Пулс24: Сведоци сме дека тој период се консумира повеќе храна, алкохолни пијалоци како и помалку физичка активност и сон, на што треба да се внимава за да не се оштети квалитетот на косата?
Д-р Елена Арсова: Во овој убав празничен период треба пред се да се опуштиме, да уживаме и да се веселиме. Ако косата се негува правилно во текот на целата сезона и пред празниците се реструктуира длабински тогаш неколку дена невнимание нема да остават долгорочни последици. Би советувала да се внимава на неколку често повторувани грешки. Кога чувствувате дека косата не можете да ја обликувате, тоа е само поради преголема сувост на влакното. Во такви случаи , поинтензивно користење на фен или преса за коса, нема да помогне да добиете подобра фризура. Длабински кондиционирачка маска ќе ја рехидрира косата и ќе можете да ја обликувате. Исто така лакот за коса кој содржи алкохол, дополнително ја суши косата и ја прави кршлива. Намалете го користењето на лак или користете лак без алкохол за идеална фризура за Новогодишната ноќ. И не заборавете дека само дека само здравата и негувана коса е убава коса.
Пулс24: Како 101 Hair Care им дава совети за 2015 година за нега на косата како кај жените така и кај мажите.
Д-р Елена Арсова: Грижете се за здравјето на вашата коса. Јадете многу протеини, овошје и зеленчук, не пушете и пијте помалку алкохол, користете квалитетни производи за коса. Ако забалежите опаѓање на косата, промени во квалитетот на влакното, зголемено мастење или перут обратете се за совет кај стручни лица.Пулс24: Најлудата ноќ сите ја очекуваат, ја испраќаат старата и ја дочекуваат новата 2015 година, изгледот е најважен особено за д