Во прилог ви го донесуваме интервјуто со Марија Ристовска, која е маркетинг менаџер во Техномаркет. Марија издвои дел од времето да ни одговори на неколку прашања.1. Техномаркет е компанија што е постојано присутна со нова понуда и производи кои се последниот одек на технологијата во областа на белата техника, апарати за домаќинство и IT производи. Како го правите сето тоа?
Повеќе од една деценија, брендот Техномаркет успешно расте и се развива на македонскиот пазар како малопродажен синџир. Во нашите продажни салони купувачите можат да најдат производи од многу светски и реномирани брендови. Тоа не е нешто што се постигнува преку ноќ. Во сегментот во којшто работиме техничко- технолошкиот развој се менува од ден на ден. Како што индустријата напредува така потрошувачот во истиот момент ја добива информацијата за новиот производ. За сите овие години, ние научивме да се грижиме за потребите на купувачите, да ги слушаме нивните барања во делот на достапноста и перформансите на производите, да следиме во чекор се што како производ пласираат сите брендови со кои соработуваме, а тоа се навистина многу. Во исто време, нашата улога е и да ги убедиме производителите во побарувачката на пазарот и купувачите и дека е добро да ги пласираат нивните новитети на нашиот пазар. Сето ова ја прави нашата компанија промотор што им овозможува на македонските потрошувачи да ги имаат истите можности како и потрошувачите на кој било светски пазар, а тоа е да купат производ во кој се инкорпорирани најсовремените технологии. Важно е да напоменам дека работиме со врвните брендови од оваа индустрија и понудата ја креираме соодветно на пазарот и на потрошувачот. А за секој купувач навремено да го добие производот кој му е потребен, располагаме и со сопствена логистичка мрежа и сопствен магацински простор за складирање на залихите. Сепак, за да бидете атрактивни на пазарот треба да го познавате својот потрошувач, да знаете што му треба и да му го обезбедите точно тоа што го бара и со прилагодена цена.
2. Досега се покажавте како исклучително инвентивни во организирање на разни и интересни продажни акции. Врз основа на што се должи ваквата продажна стратегија?
Сè со цел да им ги направиме подостапни производите на нашите купувачи, континуирано и стратешки испланирано организираме промоции и акции со ценовно намалување, наградни игри, програми за лојални купувачи, притоа користејќи ги сите комуникациски алатки и социјалните мрежи, за да бидеме сигурни дека ваквите активности ќе стигнат до сите потенцијални купувачи. Како еден од поновите примери би ја издвоила светски познатата, Black Friday акција. Минатата година за првпат ја воведовме и во Македонија, овозможувајќи им на граѓаните да ги снабдат своите домови со апарати за домаќинство, бела техника и IT производи по многу пристапни, односно екстремно ниски цени. Оваа година ја повторивме акцијата, со таа разлика што овој пат им овозможивме на потрошувачите сами да изберат што да се најде во изборот на производи со големи попусти. Трендот започна толку многу да се шири и голем број компании, секоја на свој начин се обиде да ја пренесе идејата и целта на Black Friday акцијата. Тоа значи дека ние како Техномаркет, освен што успеавме конкретно нашите производи да ги доближиме до потрошувачите по реално ниски цени, мотивиравме и многу други компании да го следат нашиот пример и да се приклучат кон нашата иницијатива.
3. Во време кога социјалната загрозеност на дел од заедницата е растечки проблем, дали и колку како компанија посветувате внимание на луѓето што имаат потреба од помош и на кој начин го правите тоа?
Општествено одговорните активности се дел од развојните планови и стратегии на Техномаркет и тие котираат високо на нашата приоритетна листа кога станува збор за области во кои особено треба да делуваме. Конкретно, на нашата компанија, во центарот на фокусот се оние институции или центри, каде што потребата од дополнителна помош и подобрување се секогаш присутни и токму од таа причина безрезервно вложуваме за подобрување на условите во кои функционираат. Посебен дел каде што ја применуваме нашата грижа за заедницата нема, делуваме подеднакво насекаде, а тоа варира од тоа каде потребата во тој момент е најголема. Она што е препознатливо за нас е дека не чекаме некој да ни побара помош. Следиме се што се случува околу нас и каква е социјалната структура во земјава и многу често, иако неповикани, со најдобра намера, силна желба и голема волја помагаме одредени сегменти од заедницата. Конкретно, оваа година ја започнавме со донација и ја завршивме на истиот начин и со тоа им ги разубавивме деновите помеѓу тој период, на децата од Интернатот „Гоце Делчев“ од село Љубанци. Ние не ги штедиме енергијата, времето и ресурсите во градењето на трајните вредности на заедницата на која што сите ние и припаѓаме. Се придржуваме кон она дека доколку една компанија има цел успешно да функционира во заедницата, треба и одговорно да делува за заедницата.
4. Паралелно со водењето на ланецот Техномаркет, компанијата К&K подеднакво ги развива и брендовите за уредување на домот Coincasa и @Home. За какви брендови станува збор?
Иако релативно нови на пазарот во Македонија, Coincasa и @Home се доста познати брендови што важат за едни од најистакнатите и престижни места на кои модерниот македонски потрошувач може да најде луксузни и стилски декоративни елементи и детали за домот. Производите што ги нудат, не можат да се најдат на ниту едно друго место во Македонија. Coincasa е врвен италијански бренд што работи во чекор со светските трендови за декорирање на домот и во секоја сезона од годината воодушевува со своите колекции кои изобилуваат со неверојатен избор на компатибилни бои и мешавина од повеќе стилови. Во @Home можат да се најдат производи од голем број различни европски производители на практични и функционални, а пред се уникатни детали за убав и комфорен дом. Она што е заедничко за двата бренда е тоа што цените на производите се прилагодени за македонскиот пазар, а изборот што го нудат соодветствува со продажните салони од ваков тип лоцирани во најпознатите европски метрополи.
5. Колку уредувањето на домот во Македонија следи трендови?
Неверојатно многу. Впрочем, да тргнеме од фактот дека многумина од нас посакуваат совршено уреден дом што ги следи најновите светски трендови од областа на внатрешниот дизајн. Се трудиме во изборот на декоративните елементи и деталите да бидат застапени повеќе стилови и на тој начин секој македонски граѓанин да може да пронајде парче дизајнирано по сопствен вкус. Поради тоа, сега не треба да постојат изговори од типот немање време, недоволна застапеност и ограничени ресурси. Асортиманот со кој располагаат Coincasa и @Home ги прави последните крикови од областа на уредување на животниот простор достапни и кај нас. Ние сме сведоци дека на Македонците сето ова им станува се повеќе јасно и поради тоа посетеноста на нашите продажни салони постојано се зголемува, интересот за производите што ги носиме расте, а на тој начин трендовите од Coincasa и @Home се внесуваат во македонските домови.
6. Што друго да очекуваме во иднина од Техномаркет, Coincasa и @Home?
Техномаркет, Coincasa и @Home се брендови што зависат од граѓаните, купувачите и општеството воопшто и постојат за нив. Големината на нивното задоволство, е мерилото за нашиот успех. Поради тоа се трудиме со квалитет, беспрекорна услуга, понуди што се разликуваат од сите останати и секако преку бројни попусти, акции и интересни настани да ги привлечеме потенцијалните и да ги задржиме верните купувачи. Токму кон сите овие сегменти што гарантираат успех во работењето ќе се насочиме во периодот што следи. Секако, нема да изостанат и интересните и забавни настани полни со изненадувања по што нè препознаваат купувачите, како и општествено одговорните активности. На кратко, ветуваме продуктивна, позитивна, исполнета со многубројни поволни акции и промоции и насочена кон грижа за купувачите и општеството, 2015 година!
1. Техномаркет е компанија што е постојано присутна со нова понуда и производи кои се последниот одек на технологијата во областа на белата