Албанците- Грчки Џокер за името на Македонија!

Албанците од Македонија ќе оделе во НАТО и ЕУ по секоја цена, со Македонците или без нив, сеедно. Тоа е најновата драматична порака што беше испратена до мнозинскиот народ во земјата и нејзината влада. Ако до декември не се реши проблемот со името, тогаш Албанците ќе ја радикализираат состојбата. Kако тоа ќе го сторат, гласникот Рафиз Алити не знае, ама е сигурен: неговите сонародници ќе одат за Брисел, ако треба и сами.Албанците одамна беа најавувани како еден од клучните џокери на протагонистите за промена на името на Република Македонија. Децата обично ги плашат со вештерки, Американците со Осама бин Ладен и Русите, Русите со прохибиција, а Македонците ги плашат со Албанците. И тоа не со какви било Албанци, туку со оние што истите Македонци ги штитат како бели мечки: за нив не важат конвенциите за воени злосторства, законите дека не се пука во секој што накриво ги погледнал, за нив не важи ни посебно измисленото правило дека мора да се знае да се пишува и од три збора да се состави реченица за да се добие вработување во државната администрација, за нив всушност не важи ни правилото дека мора да се работи за да се добие државна плата. За правилата дека е забрането зимно време да се одмрзнува чешмата во дворот со греалка прикачена директно на бандера, дека водата се плаќа, а фискалната каса не служи за украс, подобро и да не зборуваме.
Таквата заштитена бела мечка сега ја облекоа во циркуски шалвари извадени од некој подрум на бриселските бирократи и ја изведоа пред Македонците за да ги заплашува. Има ли со што? Што навистина Албанците може да сторат ако до декември не се реши проблемот за името, за што шансите, барем засега, очигледно се мали? Да предизвикаат економска криза и така да ги натераат Македонците да прифатат промена на името – не можат зашто Македонија веќе е во криза и зашто тоа претполага да го знаат и рецептот како да излезат од неа. А тука македонските Албанци се прилично тенки. Може ДУИ да ја напушти владата и со тоа да предизвика политичка криза од која, во неможност да се формира ново парламентарно мнозинство, излезот би бил во предвремени избори. Целта не би била да се порази ВМРО-ДПМНЕ, туку барем да се спушти бројот на неговите пратеници под бројката од 60 луѓе, но во атмосфера во која Груевски би се претставил како жртва на предавство само затоа што не ги прифаќа грчките услови за името, тешко е да се очекува такво нешто. Посебно што еден сојуз, формален или неформален, меѓу албанските лидери со Црвенковски, Петковски, Манасиевски, Бошкоски и Георгиевски, чија идеја би била експресна промена на името, би бил и прелесна пропагандна цел, дури и за многу понеопитни актери во вакви игри од Груевски.
На прв поглед најмногу шанси за успех има нова војна, која би завршила не со отцепување на Илирида, туку со некаков нов рамковен договор, овој пат не за тоа кому Албанците ќе му плаќаат мито за купување диплома, туку за ново словенско-албанско име на Македонија. Проблемот е само што условите во кои таа војна би била водена се поинакви од тие во 2001 година и што постојат сите шанси, наместо да чекаат полицијата и војската да ја завршат работат, овој пат многу Македонци сами да почнат да спроведуваат правда. Kако што е многу реално да се претпостави дека победничкиот дух на осилените Албанци нема да го губи времето чекајќи некоја нова ОНА да ја води битката, туку ќе сака што побрза разрешница. Kако би изгледала таквата граѓанска војна на улиците во скопските општини Чаир или Бутел во услови кога изминатите осум години е акумулирана нова омраза меѓу едните и другите можеме само да замислуваме. Но, бројот на смачкани глави, пресечени грла, со нож исцртани имињата на НАТО и ЕУ на грбовите на цивили сигурно не се гаранцијата што ДУИ и Рафиз Алити ја бараат од македонскиот дел од власта. Попрво идејата на таквата „гаранција“ би била да се замрзне приемот на РМ во НАТО и ЕУ за нови десетина година, нешто што Грците би го платиле со суво злато. Посебно што по лекцијата од 2001 година, шансите Македонците да прифатат нови уцени се многу помали, освен во случај на тотален воен пораз, нешто што не се случи ни пред осум години кога методите за остварување на албанската кауза имаа многу поголема поддршка отколку што е тоа случај сега.
Kога во Првата светска војна некој германски лекар со чин мајор, без да погледне пратил на фронт инвалид со дрвена нога, овој му рекол: „Сега кога, освен ногата, ќе ја загубам и главата, ќе си ставам дрвена и ќе станам мајор.“
Изгледа дека таа приказна не е оригинално германска и има свои корени и на Балканот. Работата е само во тоа што со таквите дрвени глави Германците расчистија одамна. Со дрвените глави во Македонија оди потешко зашто копчето што ги вклучува е надвор од државата.
Дарко Јаневски за ДневникАлбанците одамна беа најавувани како еден од клучните џокери на протагонистите за промена на името на Република Македонија. Децата обично ги плашат

Пронајдете не на следниве мрежи: