ЗАЕВ СЕ ЛАЖЕ СО АЛБАНЦИТЕ

Американскиот претседател Ричард Никсон своевремено рече за лидерите: „Ако сакате да успеете, постои само една работа полоша од тоа да не сте во право, а тоа е да сте неинтересни“. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, не е страшно неинтересен; на крајот од краиштата, тој е единствениот политичар во Македонија кој бил амнестиран од претседателот за криминалот што го извршил (амнестија, слободно ќе речам, што тој со задоволство ја прифати). И никој не може да го обвини дека е страшно неинтересен кога се обидува да им се додвори на албанските гласачи ветувајќи им двојазичност во цела Македонија, нешто што тој никогаш не може да го гарантира и што гласачите на СДСМ никогаш нема да го одобрат (настрана фактот што излегува од Охридскиот рамковен договор). Па така, може да се каже дека има во него малку „живот“. Но, дефинитивно не е во право и поради тоа е неуспешен и го разочарува своето гласачко тело и Македонија.Ова е едноставната поента: поголем дел од јавноста веќе не му верува. Освен тврдокорните левичари во Македонија, во суштина никој не му верува кога континуирано повторува дека „нема работни места, сите бегаат од Македонија, нема фабрики“ итн. Секој може да ги види работните места, странските инвестиции, фабриките, фактот дека луѓето исто така се враќаат во Македонија (Македонци што претходно си заминале), а доаѓаат и нови луѓе – и туристи (1,3 милион во првите девет месеци од годинава само преку аеродромите во Скопје и Охрид) и инвеститори кои потоа ја прават Македонија свој дом, макар привремено.
Економскиот закон за опаѓачки приноси вели дека колку повеќе имаш од едно нешто, толку помалку уживаш во него. Kако пивото и виното во петок навечер. Kолку повеќе имаш, толку помалку уживаш во него, особено следното утро ако претходно си претерал со пиењето. Последицата од овој закон е дека колку повеќе велиш дека нешто не е вистина, иако е повеќе од јасно дека е, толку помалку луѓето ќе ти веруваат, толку помалку луѓе ќе имаат доверба во тебе. Kолку повеќе Заев и неговите пајташи ги нарекуваат Груевски и неговата влада „фашисти“, „екстремни“, „опасни“ и дури и „Хитлер“, толку помалку луѓето му веруваат. Делумно затоа што луѓето знаат дека тоа не е ни близу вистината и делумно зашто владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и покрај своите грешки, постигнала нешто во Македонија. Kога еднаш веќе сте ги употребиле овие навреди, тие почнуваат да го губат ефектот и значењето. „Груевски е фашист!“ Реакцијата на луѓето е – проѕевање од здодевност.
Втора мисла неделава, како што полека загазуваме во предизборието во Македонија. Зоран Заев активно им се додворува на албанските гласачи. Тој неодамна изјави: „Сметам на албанските гласови во процесов и очекувам СДСМ да освои најмногу од албанските гласови, повеќе од која било друга албанска партија, зашто им ги нудиме сите причини на светот за тоа да се случи.“ За ова, се разбира, многу се лаже. Не постои причина поради која мнозинството етнички Албанци би гласале за СДСМ бидејќи тие секогаш гласаат за своите лидери и партии. Kако што рече Али Ахмети: „Воопшто не сум загрижен. Заев треба да понуди платформа за Албанците, не само да ги бара нивните гласови без да им понуди платформа. Што им нуди тој на Албанците, што им гарантира?“.
Тука лежи проблемот: Али Ахмети и левицата, претставувани од СДСМ и другите, размислуваат за луѓето како за групи. Ахмети, во суштина, вели: „Албанците во Македонија не се поединци, тие се група.“ Зоран Заев вели дека за неговата партија ќе гласаат повеќе Албанци во Македонија зашто ги имале сите причини на светот за тоа, без да каже кои причини се тоа. Но политичката левица, во Македонија и во светот, веруваат дека луѓето се поединци. Поединците имаат потреби, не групите. Една од лекциите од американските избори е дека Хилари Kлинтон изгуби затоа што постојано се фокусира на групите и апелира до нив како групи жени, малцинства, ЛГБТ, латино итн. Сите групи освен една: белата работничка класа. И токму тие гласаа за Трамп. Ако веќе споменуваш една група, тогаш мораш да ги споменеш сите групи. Во спротивно, групите што не си ги споменал ќе се почувствуваат изоставени и ќе гласаат соодветно на тоа чувство. ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на обезбедувањето на потребите за граѓаните на Македонија, без оглед на нивната економска заднина, религија, пол, возраст, место на живеење итн. Поенатата е да се подобрат животите на сите граѓани.
Постојат многу причини поради кои Албанците во Македонија нема да гласаат за СДСМ, а една од позначајните се трајно врежаните сеќавања за тоа што правеа комунистите во минатото кога СДСМ ја носеше комунистичката етикета. Од друга страна, многу од гласачите на СДСМ ќе бидат одвратени од Заев кој својски се потруди да им вети групни права на етничките Албанци во Македонија, во многу надминувајќи го ветеното во Охридскиот рамковен договор. Ова е фатална грешка. Според „Балкан инсајт“, генералниот секретар на БЕСА, Африм Гаши, вели: „Знаејќи ја политичката свест на Албанците во државата и памтејќи го минатото, Албанците имаат стотици причини да не гласаат за македонските партии.“
Но, приказната не завршува тука. Минатата недела во Швајцарија Заев рече дека Македонија е виновна за сите проблеми што ги има со своите соседи. Тоа е лага. И нема политичка смисла тој да го каже тоа зашто Македонците знаат дека тоа не е вистина и сигурно нема да гласаат за човек што лаже. На крај, според медиумските известувања, Заев рекол: „Зошто во 21 век, по 25 години независна Македонија, с` уште мора да имаме ограничувања? Не, ние ќе веруваме во еднаквоста и правичноста и јас ќе им помогнам на моите сограѓани Албанци.“ Оваа изјава и неговото фундаментално непознавање на основните принципи на републиката ќе бидат тема за мојата следна колумна.
АВТОРОТ Е МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ОД АРИЗОНА (САД), И ДОЛГОГОДИШЕН НАБЉУДУВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА.
Џејсон Мико за ДНЕВНИКОва е едноставната поента: поголем дел од јавно

Пронајдете не на следниве мрежи: