Заев им делел бомби и на Бојко Борисов и на Аиво Орав

…„Но баш е слатко што суштествово од Муртино му врачил папка со снимки, на пример, на Аиво Орав во кои цел на шпионирање е врската и интимата на амбасадорот и неговиот швалер Стефан Шанов од Бугарија. А истата содржина, покрај снимките за бугарската амбасада и активностите на персоналот во и надвор од работното време, му е врачена и на Бојко Борисов.“Додека чекаме спокојно на крајот на месецот по неколкукратно одложување поради ,,објективни околности“ Советот на ЕУ-министри за надворешни работи да ја официјализира странската севкупна интервенција во Македонија, без да го заморуваат Советот за безбедност на ООН, ред е да се потсетиме на неколку операции и гротескни ликови што можеби по повеќе децении на денешниве македонски пубертетлии ќе им бидат романтични и носталгични спомени од времето кога растеле среде фрикови.
Овој горчлив ,,романтизам“ на Федерико Фелини прикажан како сеќавање на пубертетлијата Тита за животот во село во близина на Римини во 1930 година во фашистичка Италија е најсоодветен за објаснување на некои ,,феномени“ во Македонија. На пример, провалата на операцијата ,,Еразмус“ што резултира како потрага по осомничените професори од Економскиот факултет кои правовремено киднале. Некој очигледно им шепнал. Интересна е таа врска на службеници на МВР (ДБK), бивши и сегашни, кои од хоби се занимаваат со шпионирање. И уште посрамно е што Министерството што стана еквивалент за швајцарско сирење не прави ништо видливо за враќање на сопствената кредибилност. Преку заштита на честитите професионалци. Добро, јасно е дека наредбите за ,,не таласај“ доаѓаат од политичкиот врв на владејачката будистичка партија, ама овде не е во прашање веќе министерот сегашен, бивш или паралелен (О, Господе, чувај не од тие што за наше добро со своите одлуки ја претворија Македонија во лудница) туку за колабирање на безбедносниот систем на земјава. Митко Чавков засега уште единствен министер за внатрешни, за вакви појави не сака да шпекулира. За жива глава не кажува кои странски служби ~ го организираа ова чудо на Македонија. Во интерес на истрагите, де. Не е важно дека Македонија може за час да биде окупирана и официјализирана како колонија на НАТО. Му вели на Васко Ефтов, времето ќе покажело и ќе ги разјаснело ситуациите. Му треба на политичаров дистанца за да го види тоа што и слепец го гледа. Бидејќи тој не е направен од материјал на Едвард Сноуден, и не сака да ризикува сопствен задник за ,,тривијалности“ ќе мора пак ние жртвите на ваква политика да истопориме скриени информации. За да има што да работат паралелните судски и обвинителски органи.
Папка со снимки
Овој пат за трансферот на прислушуваните разговори поради кои нели се формира неуставен наменски кенгурски трибунал по налог на корпоративна Америка. Значи, знаеме ли конечно што и кому предал Зоран Заев од милиончето снимки? Бијонсе од Гевгелија не кажува. Арно ама, кажуваат шефовите на држави и влади од Југоисточна Европа кои во синхроно време примиле лично од негови рачиња интересни материјали. Не е дека кому било во светов му е тајна тоа дека западните служби ги шпионирале своите пријатели, партнери и сојузници. НСА, БНД и МИ 6 биле најагилни. Но баш е слатко што суштествово од Муртино му врачил папка со снимки, на пример, на Аиво Орав во кои цел на шпионирање е врската и интимата на амбасадорот и неговиот швалер Стефан Шанов од Бугарија. А истата содржина, покрај снимките за бугарската амбасада и активностите на персоналот во и надвор од работното време, му е врачена и на Бојко Борисов. Орав напросто полудел од бес кога разбрал дека Заев го истретирал и лансирал на меѓународен план, а чека напредок во кариерата. Борисов, сетете се, по средбата со Заев просто цутеше од радост што стекна толку добар пријател од Муртино. Заев, исто така, оти доби уште еден западен поддржувач за своите политики кон Македонија. Заев доби од непознат донатор милион снимки. Бомби. Дали со дозвола од газдата и ги редистрибуира сега, не ни е познато ама, со оглед дека дотичниов дејствува на копче, изгледа дека бил охрабрен. Снимките се поделени во три групи. Едните се однесуваат на македонските политичари и тие ниско се котираат на меѓународната шпионска берза. Вторите се за НВО и медиумите што исто така се со вредност на ,,џанк“ или тежок отпад. Е третите се ,,малку поинакви“, да не кажам деликатни зашто ги третираат странските мисии, амбасади, вработени и амбасадори. Од овој третиов бомбашки арсенал, Заев си направил купчиња за подарок. Досега им ги дал на Италија, Грција, Хрватска, Србија, Kосово и Бугарија. На сите со кои се среќавал фактички. Дали заради дејството од оваа ујдурма прислушувачот Велика Британија по чиј директен налог работел агентот Зоран Верушевски и кој и сега го штити преку Бијонсе Јанева, ја добил честа да ја реформира македонската полиција, според директивите на Прибе експертизата на ОБСЕ и упатствата на Шекеринска?
И ние како министерот Чавков не би сакале да шпекулираме, ама амаркордовски кажано, да не е малку многу очебијно што британските циници што ни ја подготвија ,,Kилибарната лисица“ и така преку Еребино ја онеспособија одбраната на државата во 2001 година, сега, пак, по иста кројка ја дрмаат државата и тоа од среде МВР. Еребино го префрлаат во МВР. Еднаш во духот на Рамковниот, заедно со експерти од ОБСЕ (Kрег Џенес од Kанада), Британци ни ги напишаа реформите на МВР. Потоа, на терен ни го саботираа собирањето потписи за референдумот за територијална поделба, инаку измутирано копиле од родоскрвната политичка врска на македонските политичари запечатена со Рамковниот. И сега, пак, трета мајка, на ист трик, со ист шаблон, во МВР ќе ги напукаат покрај домашните разголени цијаши и англофилните скриени „мијаши“. Можеби со Верушевски на чело. Ваква гротескна реприза на операцијата ,,ГЛАДИО“ не е поставена никаде досега. Веројатно само во Македонија има толку благопријатни поволности.
Ангажманот на ОБСЕ
Но чекајте! Ова не е се`. Нашава безбедносна институција во содејство со нашиот ресор за надворешна политика, од само ним познати причини, дозволи двајца странски шпиони и координатори на терористички дејства (врска за комуникација), а инаку со формално домашно потекло според лични документи, да се изземени од процесот ,,Пуч“. Зошто? Па зашто обајцата се вработени како локално ,,особље“ во странски претставништва. Иако по ниту една дефиниција немаат дипломатски имунитет, ете, на барање на газдите, шефот на мисијата на ОБСЕ и амбасадорот на САД ги прикажале како дипломати. Се работи за Беат Рамадани и Адријан Исмаили. За нив во интервју говори терористот од ,,Дива Населба“ кој избега. Вели дека контактирал со нив од подготовката на операцијата до самиот крај. Kај нив барал гарантиран излез со меѓународна помош. На ОБСЕ ова не ~ е прв ангажман и учество во воените конфликти што ги креираа специјалците на НАТО. Сетете се на Липково, Липковската брана, на дотурот на оружје на УЧK, а божем во возила со хуманитарна помош, па на извлекувањето на терористите со се инструкторите од Британија, Холандија и САД во Арачиново, па истиот случај со криењето на идентитетот на инструкторите од ,,Диво Населба“ и нивното засолнување во „Бонд стил“. Досега со сигурност се знае само дека еден од инструкторите бил Холанѓанец, чиј идентитет се чува во тајност. Но и сега, преку учеството на практично сите вработени во мисијата како ,,локал стаф“ сосе семејствата на шарените вандалски расхотки низ Скопје, јасно е што и е примарната мисија на ОБСЕ во Македонија. Безбедност и соработка секако не. Ги гледаме кога ни проаѓаат крај домовите како лапаат свирчиња, ги овековечуваме исто како Евреите, за не дај боже утре да се загубат во масите преоблечени во лажен македонски идентитет. Оти овој македонски пилав уште многу вода ќе пие.
Чистачот на чевли Kенан и СЈО
Претпоставувам дека еден од мотивите зашто на Никола Попоски италијанскиот амбасадор Белели му врачи орден на честа и го прогласи за голем офицер токму сега, е таа позната македонска простодушност раширена меѓу ,,државотворните“ и ,,одговорни“ политичари што одбегнуваат да шпекулираат пред својот народ. И кои, иако зборуваат македонски, никој Македонец не ги разбира. Оти дечкиве од италијанската ГМО влада, составена на пржински начин по ликвидацијата на последниот легално избран премиер Силвио Берлускони (преку обвинители и судии специјални како и нашиве од СЈО) мислат дека кадри како Попоски ќе бидат корисни и во следниот чин на македонскиот амаркорд. А ако нешто тргне на лошо за слугите на чадорот, италијанската амбасада е таа што треба да им обезбеди кидавела. Демек, работни визи и престој ќе им дава откога ќе киднат. Нормално, со домашна тајна соработка и со дискретната ОБСЕ која е испрактицирана во извлекување корисни идиоти. А тоа бара најмалку почесен ,,Голем офицер“ со фиктивни уставни овластувања кои преседански ги толкува фиктивниот Уставен суд. Во оваа категорија на мигранти со статус е и СЈО, кое за петтоколонашите стана култно место за собирање и самоидентификување. Приближно како што чистачот на чевли Kенан беше идентификација за скопските корзаџии во седумдесеттите години од 20 век. Спремни се за кидавелка и трите моири. Сега, ГМО Италија ги промовира интернационално како храбри борци против криминал и корупција и тоа за сметка на убиениот Фалконе, кој вистински се бореше со вистинската мафија. Бидејќи фактите на терен може молскавично да се сменат и некој да се сети и праша како тоа корумпираната мафијашка власт самата себе се снимала и оставила докази за своето злосторство, а во револуцијата за правна држава главните борци ~ се с` докажани криминалци и странски платеници, старателите на Јанева, Ристовска и Фетаи решиле да си побараат гаранции за излезно решение. Во Палермо, од правнуците на Дон Вито и Тото Рина, очигледно ги добиле. Тоа го потврдува италијанскиот амбасадор со својата теренска работа. Досега, нашите извори не ни обелоденија дали со работни визи ќе го опфатат и Светомир Шкариќ, кој долго време беше главен идеолошки инквизитор на СKМ за да се трансформира сега во демократ, правдољубец, плуралист и шарен револуционер и Александар Тортевски, антикомунист, кој колку до завчера тврдеше дека СДСМ преку Ленче Софрониевска во судскиот систем ја инсталирал мафијата, која, пак, била организирана оперативно во тројки составени од обвинител, судија и адвокат. Kако и да е, за неодамнешната екскурзија на Бијонсе од Гевгелија со својата свита по прататковината на мафијата, нашите извори велат дека била чисто промотивно пропагандна. Женава немала никаков јавен настап, никаков специјален говор оти не знае македонски, а камоли англиски и италијански, туку само пригодно ја шетале како мечка на панаѓур, а нарачани ГМО-новинари од неколку медиуми под корпоративна контрола ја ,,продавале“ во неколку реда нејзината лажна биографија. Толку. Другото било кафањерство и пазарлак.
Пишува: Мирка Велиновска за ДневникДодека чекаме спокојно на крајот на месецот по неколкукратно одложување поради ,,објективни околности“ Советот на ЕУ-министри за надворешни р

Пронајдете не на следниве мрежи: