Е, има разлика

Kако човек кој му припаѓа на македонскиот народ, но и на исламската религија, кој и како човек, но и како активен политичар, секогаш сум се залагал за целосна интеграција на Македонците со исламска религија во матичниот македонски народ. Секако секогаш поддршката од луѓето била моја обврска да се истрае во ова мое залагање. Во периодот 1998-2002 година кога бев пратеник во Собранието на РМ речиси да немаше пропуштена можност, а да не актуализирам прашања кои се поврзани со ова македонско население, кое патем да спомнам само во РМ го има стотина илјади.Ако до 1990 година с` беше во рацете на тогашните институции на поранешната држава, по осамостојувањето с` беше во рацете на политичките партии. Населението се подели според личните процени и желби, но проблемите останаа. Kако по правило, секогаш пред важни настани, како што се избори, попис, референдуми, секогаш не убедуваа дека сме едно исто (мислам на партиите од македонскиот блок) само да се дојде до нашиот глас, а после, е после скоро никогаш немаше место за нашите кадри во некоја од институциите. Тогаш партиите на одредени тогашни етнички заедници како на тацна не добиваа нас, користејќи ја припадноста на исламската религија и со убедувања дека муслиман може да биди само оној кој припаѓа на некоја од етничките заедници. И така, година по година, не имаше с` помалку и помалку. Се губевме, но се губеше и македонштината од регионите во кои живеевме (Реканско, Дебарско, Струшко, Kическо), а тоа значеше и значи распродажба на македонското етничко ткиво.
Во 1998 година со победата на ВМРО-ДПМНЕ, како да почна нешто да се движи, особено во ангажирање на одредени кадри од ова население, за од 2006 година да почне вистинскиот процес на интеграција. Процес на вистинска грижа за Македонците со исламска религија, а со самото тоа и грижа за македонштината и македонските национални интереси. Многу наши кадри се најдоа на високи позиции. На последните избори добивме дури 3 пратеници, се реализираа инвестиции за инфраструктура во населените места, се помогна во образованието, здравството… Секако, тоа не е доволно, но единствено со реализација на програмите на ВМРО-ДПМНЕ и визијата на нејзиниот претседател, можеме да се надеваме и на подобро и на побрзо и на поквалитетни наши кадри и на целосната интеграција во институциите, особено во извршната власт.
Актуелно во последно време е прашањето има ли разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? Веднаш ќе кажам: Да, има голема разлика во однос на нас македонското население, кое во одреден период на историјата го примил исламот како своја религија и до ден денешен го чува и негува, како нешто многу свето, но ги задржал сите особености кои ги има македонскиот народ. И јазикот, и културата, и обичаите, и традициите и топонимите, кои исто така ги чува и негува. Има разлика затоа што никогаш, ама баш никогаш, СДСМ немал таков коректен однос кон нас како население кое понекогаш сме им давале и доста гласови. Секогаш теснопартиските интереси биле над националните и тогаш кога требало да се решаваат кадровски решенија, но и тогаш кога беа потребни вложувања.
Во 2009 година, на локалните избори во општината Маврово Ростуше, кога во вториот круг останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, инструкциите беа дека треба да се поддржи кандидатот на ДУИ, затоа што во ВМРО гледаат душманска партија, а не политички противник. И така членството беше разделено. Односот со ПЕИ, партијата која има единствена задача дефинитивно разнебитување на овој дел од македонскиот народ е очигледно во одлична форма. Имено и на парламентарните избори, мислам во 2012 година, со директива од централата беше наложено кандидат за пратеник во шестата изборна единица на листата од СДСМ да биде член на ПЕИ, кој подоцна и беше носител на идејата за промена на Уставот и ставање на торбешите како призната етничка заедница. И тогаш ни беше јасно зошто СДСМ тоа го направи.
Искрено, не се изненадив скоро кога видов дека ПЕИ и СДСМ се повторно заедно. Од каде интерес на СДСМ за една комби партија која на последните избори едвај доби околу 3.000 гласа во цела РМ, ако не преку неа со прифаќање на иницијатива за ставање на торбешите во Уставот да се дотолчи македонското национално битие. Да н` дотолчат како луѓе припадници на македонскиот народ и од народ да н` направат етничка заедница. Претпоставувам дека меѓу нив можеби се веќе договорени ваквите мрачни сценарија. Фактот што локалните раководства на СДСМ (особено во населените места со Македонци со исламска религија) се повеќе и повеќе се дружат со брадосани луѓе, облечени во невообичаени облеки, несвојствени за овие простори и кои проповедаат некој нов пристап до исламот и кои не се прифатени дури ни од Исламската верска заедница, покажува дека и со ѓаволот ќе се заортачат само да дојдат до власт.
Ете затоа неколку избори наназад Македонците со исламска религија масовно ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Никола Груевски. Ете затоа ова население бара избори на 5 јуни, ете затоа ова население ќе излезе на гласање и затоа ова население повторно ќе го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што веруваме дека покрај неколкуте пратеници, овој пат во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се најде место, ако ништо повеќе, барем за еден заменик министер, со што дефинитивно ќе се покаже и докаже дека Македонците со исламска религија се нераскинлив дел на македонскиот народ.
Латиф Пајковски за ДневникАко до 1990 година с` беше во рацете на тогашните институции на поранешната држава, по осамостојувањето с` беше во рацете на политичките партии. На

Пронајдете не на следниве мрежи: