Иво Вајгл и вистината за Диво Насеље

Колумна на Ненад Мирчевски за неделникот Република објавена на 29 мај 2015 година1.
Претставникот на европската преговарачка тројка Ричард Ховит во името на европската демократија и принципите на Унијата што тој ги застапува ја кажа најостроумната глупост на годината – „никој не е над законот, ама Заев не смеете да го уапсите“. Кого брани Ховит во случајов? Демократијата во Македонија, интересите на Западот, лидерот на опозицијата или некои европски дипломати што се вплеткани во скандал од невидени размери? Македонците имаат право да ја дознаат целата вистина, а сите што го прекршиле законот треба да одговараат, се совпаѓало тоа со агендата на Ховит и на амбасадорите или не. Македонските граѓани имаат право да дознаат кои странци се вмешани во сценариото за уништување на државниот поредок во земјава, чиј слуга станал Заев и кому треба да му го исплаќа долгот ако еден ден успее обидот за насилно уривање на власта.
2.
Другиот членот на преговарачката тројка, Иво Вајгл, во интервју за „Вечерњи лист“ вели дека мотивите за нападот во Куманово се ширењето на радикалниот ислам на европска територија и идејата за Голема Албанија. Истите тие џихадисти за кои има несоборливи докази дека планирале крвави напади во Македонија, во албанските медиуми и во дел од македонските медиуми финансирани од Сорос се претставени како жртви кон кои полицијата постапувала брутално. Изјавата на Вајгл, што се однесува до „професионалните медиуми“ во земјава, никогаш не била ни дадена. Кому му одговара од терористи да прави маченици? На истите тие што сакаат да ги претстават Албанците како жртви на Македонците. На истите тие што сакаат да го уништат соживотот и да предизвикаат нов крвав конфликт.
3. 
На косовскиот јавен обвинител му требаа две недели за да соопшти дека терористичката група од Куманово подготвувала акција и во Косово. Информациите, наводно, ги добил од косовската разузнавачка служба, која, пак, ја следела групата на командант Нато подолг период наназад. Ние тука во Македонија, пак, паметиме дека веднаш по нападот во Гошинце извршен од истата група, македонските власти побараа соработка од косовските безбедносни служби, но во Приштина тогаш сите беа „во подрум“ и сè до Куманово негираа дека косовски државјани се дел од терористичката група. Која верзија и да е точна, ги прави очајни лажговци и лоши соседи. Во меѓувреме, Соросовите медиуми ги третираа настаните во Гошинце и во Куманово како местенки на македонската полиција и ги споделуваа сите шпекулации и невистини објавени во косовските медиуми.
4.
Верзиите во врска со мотивите на терористите во албанските и во Соросовите медиуми се менуваа и штелуваа според потребата. Во македонската јавност се продаваше вистината дека не станува збор за терористи туку за криминалци платени од Груевски и од Мијалков да исценираат инцидент, а во албанската јавност, пак, истите тие терористи се претставуваа како најголеми патриоти, албански херои што го положиле животот за албанската кауза и за Голема Албанија. Единственото заедничко во двете верзии е тоа што главниот виновник е Груевски. Во меѓувреме, телата на платениците на македонскиот премиер, кои (според нивната логика) беа платени за да бидат убиени во Куманово, во својата земја беа пречекани како национални херои со високи државни почести. Се славеше и величаше нивната соработка со македонските власти или нивната жртва за Голема Албанија? Што се однесува до СДСМ, Заев и нивните странски ментори, ова е сосема доволна „вистина“ што треба да ја знаат Македонците и Албанците во регионот.
5.
Најавата на Црвенковски од пред неколку недели за неизбежното менување на „општествено-политичкиот систем во државата“, ја дообјасни Заев за сите тие што не сакаа или не можеа да го разберат неговиот ментор. По Охридскиот рамковен договор од 2001 година и по територијалната поделба од 2004 година, СДСМ и „странските пријатели“ подготвуваат нов пакет права за Албанците преку „проширување на Охридскиот договор“. Кој го разбира концептот, ја сфаќа и насмевката на лицата кај Тачи и Ахмети. Никогаш не би помислиле дека Зоран ќе стане Агим и место за свои, ќе се бори за туѓи интереси.1.
Претставникот на европската преговарачка тројка Ричард Ховит во името на европската демократија и принципите на Унијат

Пронајдете не на следниве мрежи: