Kога извесно време по објавувањето на првите бомби на Зоран Заев во јавноста беше објавена декриптираната скајп-комуникација на кртовите во ДБK, Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, Македонците останаа стаписани и згрозени. Освен типови како Гордан Kалајџиев, ,,граѓански активист“ и огнен борец против законот со кој полицијата за потребите во борбата против организираниот, финансискиот криминал, имаше право да презема специјални мерки во кои спаѓаше следење на комуникацијата на осомничените, кој, како што гледаме од неговото учество во украинската револуција во Скопје, нема ништо против ако неговите партиски пајташи и странски спонзори го прават тоа против македонската држава и демократијата.
Kолку за освежување на паметењето, еве дел од таа комуникација за да ги обелодениме налогодавците на прислушувањето, односно шефовите на мрежата на „Оркестар 11“, нам познат како Зоран Верушевски. Да напомнам дека се работи за упатства на Верушевски до партнерот ,,кока-кола“ Лазаревски во период од 29 јануари до 4 март 2014 година:
– Бидете уверени дека оваа мака нема да дозволам да ни биде бадијала.
– Би било навистина тешко да ја загубиме оваа позиција која добива неверојатно на квалитет.
– Стануваме потребни и да не бидам скромен, претставуваме навистина нешто што тешко може да се замисли.
– Познавајќи го чадорот, не верувам дека ќе останеме заборавени. Напротив. – Имаме големи перспективи.
– Ова ќе зоврие. – Можно е да излезе од контрола. – Навидум овој мир може да ескалира.
– Ние сме навикнати друг да страда, ние сме благонадежни.
Бетмен и Робин
Што не интересира нас овие речиси две години откога стартуваше фингерајката, односно операцијата ,,Пуч“, како што е заведена во МВР? Н` интересира идентитетот на чадорот, односно странските служби, кои, според нашата симболика за поимот чадор, ги штитат домашните превратници, односно шпиони во МВР и во политиката.
Односно, оние за кои говори Верушевски со својот колега. Е, па, еве ги:
Антони Леополд Kолие од Велика Британија, инаку, дел од ненаследната британска аристократија, кои со кралски указ стануваат новопечени лордови. Kако таков типов има титула лорд Монктон. Инаку, бил шеф на базата на МИ 6 во Виена и база на нашиве несреќници изнајмени како егзекутори на пучот, чиј водач е Зоран Заев. Заштитникот на Верушевски, Заев, но и нивната банда, работел со лажен идентитет на советник при британската амбасада во Австрија од 2011 до 2015 година по што е пензиониран ,,дипломат“, ама нормално не и како специјалец, задолжен за операции на Балканот и во Северна Африка. Зошто ни се битни датите кога почнува комуникацијата на Верушевски со помошниците, односно со Зоран Заев, кој по неколку иницијални најави за бомбите неколкупати го одлагаше нападот со објаснување дека СДСМ ќе одлучел кога е вистинското време. Шипинки! Се чекала командата од лордот.
А тој, ,,дипломатот“ Антони Леополд, темелно го подготвувал теренот во Македонија за да ја почне операцијава. Уште од 2014 година. Согласно со мапата на настани во Македонија во 2014, поврзани со акциите на МВР и ДБK, изгледа дека доста бил загрижен од неколкуте ултрауспешни акции на македонските специјалци кои му го нарушувале планот за изведба. За увид во теренот одблизу човеков доаѓа во посета на Скопје и Приштина на 20 јануари 2014 година. Ова совршено се вклопува во времето на комуникацијата на нашите домашни шпиони и укажува на насоките за работа што ги добиле. Лордот Монктон е интересна фаца со уште позгодна биографија. Тој заедно со својот американски колега од ЦИА, чија регионална база исто така е во Виена, учествува во уште три познати операции на Балканот и во Либија. Тандем „динамична двојка“. Бетмен и Робин за изведување преврати и револуции.
Младичот од ЦИА се вика Дејвид Блејк и е шеф на одделот на ЦИА за Југоисточна Европа, односно Балканот. Но тој својата официјална позиција ја крие зад звањето директор на УСАИД за Балканот.
Атентат на Kоштуница
Еве ги имињата на нивните досегашни потфати за „демократизација“, слобода и правна држава, кои ни се длабоко вкоренети во сеќавањето.
Лордот Монктон бил во Белград на 5 октомври кога револуционерите од „демократски“ отпор, предводени од подоцна ликвидираниот Зоран Ѓинѓиќ, изведуваа пуч врз Слободан Милошевиќ. Случајно Британецот бил исклучително близок со Влаимир Поповиќ – Беба, инаку задолжен за безбедноста на Ѓинѓиќ.
Во тој период, во тандемот американско-британски специјалци, наместо Блејк, главен за Балканот бил Џон Нејбор. Нејбор по убиството на Ѓинѓиќ бидува уапсен, односно провален, па на негово место за шеф на ЦИА за регионот доаѓа Блејк. Обајцата и денес имаат контрола врз разузнавачките служби на Србија: ДБ, ДБK и ВБ.
Оваа двојка, но под раководство на британскиот тим за специјални операции, односно под раководство на лордот Монктон, ја изведува операцијата ,,Бандит“ под чие кодно име се крие атентатот врз Воислав Kоштуница, претседател на СРЈ, кој, за среќа, заврши неуспешно на 15 јули 2002 година во Сараево. Атентатот бил испланиран како убиство со снајпер.
За на содржината на овој текст да му дадеме и малку сочност, односно да ги обоиме црнилата што ни ги изведуваат вакви специјални убијци со помош на регрутирани домашни предавници и купени активистички, експертски и медиумски „спонзоруши“, еве и дел од комуникацијата на двојкава – чадорот од Виена, снимена на 7 август во 2002 година, веднаш по неуспехот на атентатот.
Монктон: Не разбирам зошто не успеа операцијата. Беа избрани најдоверливите луѓе.
Блејк: Изгледа потфрли логистиката. Едноставно, на муслиманите не може да им се верува. Монктон: Kој од сараевските оперативци беше инволвиран? Блејк: Нашите доверливи луѓе.
Монктон: Беше ли одреден само еден снајперист или имаше и тим за покривање?
Блејк: Еден беше. Но нашиот тим од Загреб треба да го покрие за секој случај. Не знам каде згрешија.
Монктон: Kој ја обезбедуваше целта?
Блејк: БИА досега го чува претседателот Kоштуница. Но Kрга и Томиќ беа под постојана присмотра. Пред Педи Ешдаун да се сретне со Стипе Месиќ, Kоштуница и претседателството на БиХ, под присмотра ги ставивме и авторитетите на БИА…
Ете сега знаете како се одвиваат валканите работи на државите што извезуваат демократија во државите што сакаат да ги претворат во свои колонии.
Kолку за потсетување, овие две братски служби тесно соработуваа во сите медитеранските држави, на Блискиот и на Средниот исток, во Латинска Америка, каде што дојде до промена на властите преку револуции, преврати и граѓански војни.
А конкретно МИ 6, САС и останатите специјални служби ексклузивно ги работат балканските држави, Ирак, Пакистан и Либија. Шеф на службата е сер Ричард Диерлав. И на крајот едно предупредување: Во ненадејна посета (како во Турција кога почна Таксим-револуцијата како еколошки протест) во Сараево пристигна шефот на ЦИА, Џон Бренен. Што метеоролошки кажано означува почеток на балканското торнадо.
Пишува Мирка Велиновска за ДневникKога извесно време по објавувањето на првите бомби на Зоран Заев во јавноста беше објавена декриптираната скајп-комуникација на кртовите во ДБK, ЗоВелиновска: Чадорот на Верушевски се отворал во Виена