Никола Груевски, претседател на владата на Република Македонија и претседател на најголемата партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, доби нов мандат на внатрешниот избор за претседател. Во тој момент, на челниците комуњари им беше јасно дека тоа е крајот на нивните надежи, ама и крајот на постоењето на нивната партија.Се креваше ука и бука, се проба на секаков можен начин да се онеспособи Премиерот, а богами и државата, ама не им успеа.
Влегоа во тешки „лајненици“ и сега се дават во истите!
Да направиме кратка анализа на случувањата…
СДСМ со тактиа и погубна политика, пред сѐ за Македонија и Македонците, направи сѐ што е во нивна моќ, а и богами наштети на сите нас.
Бунт, бунт против државата, немири и нереди, насилно рушење на власта! На ова, за среќа, Никола Груевски остана смирен, ама не и рамнодушен. Помина многу време, сѐ тоа заврши на многу фин начин за на крај СДСМ не само да доживее пораз на наредните избори по не знам кој пат, туку и тоа да биде почетокот на крајот за нивната партија.
Сите ние сме свесни што сѐ проба и побара СДСМ како политичка партија, сите сме свесни за што го правеа сето тоа, а сигурно не за доброто на државата. На ова Никола Груевски одговори многу мудро, отсечно и одлучно!
Најпрво разби терористичка група во Куманово (се разбира платена и порачана од редовите на СДСМ), потоа им ги однесе камповите и тие приколки во неповрат и на крај им ја донесе специјалната за да им суди за нивните злодела и криминали направени во овој период, а и во минатото.
Е, сега вие размислете добро кој победи, а кој изгуби од оваа ситуација!
Исто така, убаво би било и да се знае за сите нас дека договорот од Пржино нас, на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и на државата ни одговара! Тоа е клучен договор за решавање на вештачки креираната политичка криза во Република Македонија!
Сега што им преостана на СДСМ освен да плукаат, закануваат и изнесуваат лаги и невистина преку нивните медиумски барабани и сѐ тоа им поминува на некој саат, после тоа фрчат деманти од сите страни, па СДСМ во паника и без одговор се дави во своите лаги!
Вие драги мои, СДСМ, нивните соработници, странските советници, а и коалиционите партнери се свесни дека СДСМ е пред колапс!
На нив не им преостанува ништо друго освен она плукање и барање на начин барем колку толку да се мотивира своето членство!
Знаете, јас ги разбирам… навистина е многу тешко да знаеш дека си губитник, а битката уште не започнала!
Јас само ќе им порачам дека на власт не се доаѓа со незаконски стекнати, лепени и креирани материјали, туку на власт се доаѓа со работа и само работа!
За сета среќа пак имаме лидер (Никола Груевски) кој многу добро знае што е работа, знае што значи да дадеш збор и да си останеш доследен на тој збор.
Знае да работи, знае како треба со луѓето, а богами и го бидува, па не за џабе е ЛИДЕР нели?! Господа од СДСМ не ви велам Бог да ви е на помош, бидејќи и тој не помага на неверници!
Нека ни е со среќа новата победа!Се креваше ука и бука, се проба на секаков можен начин да се онеспособи Премиерот, а богами и државата, ама не им успеа.
Влегоа во тешки &b