Од што е Заев „повеќе од задоволен“?

Среде еуфоричната прослава во СДСМ на која недостигаше само огномет, особено отскокна изјавата на Заев, кој рече дека бил „повеќе од задоволен“ од изборот на специјален обвинител.На оваа негова изјава сигурно ќе се потсетиме повторно, најдоцна до април (а може и многу побрзо) за да видиме дали, навистина, направил добра „зделка“ со изборот на Катица Јанева и со Законот за специјален обвинител или, пак, како по обичај, неосновано ги преувеличува очекувања обидувајќи се да наметне некаков притисок врз обвинителката уште од самиот почеток. Во меѓувреме, можеме да очекуваме од Соросовите перјаници постепено да ги зголемуваат нападите кон неа, сѐ со цел Јанева да ги затвори политичките противници на СДСМ за да може опозицијата, конечно, да победи во избори без противник. Но, што ако сценариото не се реализира според планираното? Тогаш алибито за поразот ќе биде без покритие токму поради еуфоријата која сега вештачки ја креираат на Павел Шатев признавајќи дека добиле и повеќе од што барале.
Од овие причини, се наметнува прашањето: Што го натера Заев да биде „повеќе од задоволен“?
Според Законот за специјален обвинител, специјалната обвинителка Катица Јанева ќе има право сама да донесе одлука колку помошници ѝ се потребни, но ќе избира од редовите на постојаните обвинители. Дали тоа значи дека Заев е повеќе од задоволен од работата на актуелните обвинители и целосно им верува дека ќе ја истераат работата до крај? Дали истите тие обвинители што до вчера ги нарекуваше „платеници“ и „полтрони на власта“ утре за него ќе бидат професионалци? Па, нели обвинителството беше под целосна контрола на Груевски?
Дали Заев е повеќе од задоволен што предметите нема да се процесуираат во специјален суд, туку во истиот тој суд што лидерот на СДСМ неброено пати изјави дека не го признава?
Дали Заев е повеќе од задоволен од искуството на обвинителката? Ги смета ли како издржани забелешките на дел од стручната јавност дека специјалната обвинителка во својата кариера не работела на случаи на организиран криминал, злосторничко здружување, перење пари и други сериозни кривични дела за кои ќе се бараат докази од објавените бомби?
Дали Заев е повеќе од задоволен што специјалниот обвинител ќе има само 18 месеци да го истражува евентуалниот криминал на власта? Пресметале ли кај него во партијата само колку време ќе ѝ биде потребно за да ги преслуша нелегално прислушуваните телефонски разговори? Или „некој“ ќе ѝ помогне со „совети“ на кои разговори да се задржи? Што е со објавените разговори во кои нема криминал? Ќе преземе ли некој одговорност за нарушување на приватноста? Никој во СДСМ не смее да помисли дека специјалниот обвинител ќе ги добие само тие снимки што Заев ѝ ги презентираше на јавноста по сопствен избор. На бирото на Јанева ќе мора да се најдат сите, ама буквално сите снимки, дури и неговите.
Тука не смее да се заборави ниту случајот „Пуч“ каде што лидерот на опозицијата ќе треба да даде многу сериозни одговори за да ја докаже својата невиност, без притоа да се демантира самиот во секоја втора реченица. Не смеат да се заборават ниту аферите на другите членови на раководството на СДСМ, вклучувајќи го и последниот скандал со „Маѓар телеком“. Од таа една и пол година обвинителката добар дел ќе треба да посвети и на истрага за овие случаи. Ќе има ли доволно време да обезбеди издржани докази за сите сомнителни случаи или поради краткиот период многу афери ќе останат нерасчистени засекогаш?
Ако, сепак, Заев е свесен за сето тоа, тогаш е посебно задоволен од нешто друго. Дали „независната“ специјална обвинителка, навистина, нема да зависи од влијанијата на одредени меѓународни фактори, кои странските соработници на Заев и тоа како се заинтересирани да не се откријат? Поради тоа ли на Павел Шатев се надеваат дека и овој пат, како и во многу други случаи, ќе биде простен нивниот криминал? Искрено не верувам дека странците ќе си дозволат таква дрскост, но, и ако се случи тоа, не значи дека криминалците ќе бидат амнестирани од одговорноста пред народот. А пресудата ќе дојде брзо – на 24 април.
Ако Заев и другарите по сето ова сметаат дека треба да се повеќе од задоволни од добиеното, тогаш шоуто може да почне.
Ненад Миречевски
Извор: РепубликаНа оваа негова изјава сигурно ќе се потсетиме повторно, најдоцна до април (а може и многу побрзо) за да видиме дали, навистина, направил добра &bdq

Пронајдете не на следниве мрежи: