Слоганот, Враќање на средната класа, чиста манипулација

Верувам дека повеќето од вас ја прочитале приказната за пет работи во животот кои не можат да се вратат, но сепак добро е да се потсетиме.
 Една девојка чекала авион во чекалната на еден голем аеродром.
Бидејќи требала да чека долго, таа одлучила да си купи книга за да ѝ помине побрзо времето. Со книгата таа си купила и пакетче бисквити и седнала во ВИП чекална, за никој да не ѝ пречи. Покрај неа на столче се наоѓале бисквитите а од другата страна седел еден господин кој читал весник. Кога таа почнала да зема од бисквитите и господинот си земал една. Таа била шокирана, но не рекла ништо и продолжила да ја чита книгата. Во себе си помислила: ,,Да имам повеќе храброст, до сега би го удрила … Секој пат кога таа ќе земела бисквита, човекот покрај неа, исто така зимал по една. Тие продолжиле така се додека не останала уште само една во пакетчето и девојката си помислила: ,,Баш ме интересира, сега што ќе направи!?”
Човекот ја земал последната бисквита и поделил на две. ,,Ова е навистина премногу”, си помислила девојката, шокирана, си ги зела своите работи, книгата, торбата, и тргнала кон излезот од чекалната. Кога се смирила и кога ѝ поминал гневот, таа седнала на место каде што немало никој, за да избегне други непријатни настани. Ја затворила книгата и ја отворила торбата за да ја стави внатре. Во тој миг го видела пакетчето бисквити уште неотворено. Се засрамила како крадец кога сфатила дека бисквитите, исти како нејзините, биле на господинот кој седел до неа, кој не бил во шок, нервоза или ароганција, и кој последната своја бисквита ја поделил со неа, сосема спротивно од неа, на која ѝ беа повредени гордоста и чувствата. ЗАКЛУЧОК: Колку пати во животот, некој сака да изеде туѓо колаче, а да не е ни свесен што прави? Пред да се дојде до брзоплет заклучок, пред да се појават лоши чувства, потребно е внимателно да се разгледаат деталите, многу често ситуацијата не е онаква каква што изгледа на прв поглед !!!
И аман веќе со враќање и живеење во минатото, животот е сега, само сегашниот момент го имаме, само во сегашноста вистински дејствуваме, се друго е фантазија или сеќавање на нешто што поминало.
Затоа кажале дека во животот постојат 5 работи кои не можат да бидат вратени:
1. Камен откако ќе падне.
2. Зборот откако ќе биде кажан. Неможеш да кажеш дека се согласуваш, а веднаш потоа да го порекнуваш кажаното.
3. Можноста откако е изгубена, а можноста некој ја изгубил уште пред девет години.
4. Поминатото време.
5. Љубовта за која не се бориш.
Додека некој залудно се бори за враќање назад, ВМРО-ДПМНЕ, единствената љубов за која се бори со сите свои сили, капацитети и знаења е љубовта за својата татковина, Македонија!
И додека други си ги манифестираат своите негативни чувства и тоа на нај нехуман, неконструктивен, најдрзок начин, како на пример вознемирување туѓи деца со лупање по тенџериња или груби, некултурни дофрлувања кон луѓе во присуство на нивните семејства, жени и деца, ВМРО-ДПМНЕ работи на проектите и на подобрувањето на животниот стандард на тие на кои им е најпотребно.
Со потпишувањето на денешниот Меморандум, од страна на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. за државната финанска помош на 28 деца и млади на 14- годишна возраст без родители и родителска грижа сместени во четири станбени единици за организирано живеење со поддршка, се надградува и интензивира досегашната соработка во делот на згрижување на деца и млади над 14-годишна возраст преку формата на вонинституционална заштита – организирано живеење со поддршка за деца без родители и родителска грижа.
Владата на Република Македонија, донесе одлука за набавка на нова и најсовремена медицинска опрема за Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје во вредност од околу два милиони евра (121 милион денари).
Министерството за финансии исплати субвенции за градинарски култури во износ од 52,3 милиони денари. Во Собранието на Р.Македонија се изгласа и донесе долгоочекуваниот Закон за прекршоци преку кој драстично се намалуваат глобите и се воведува принципот на нивелирање на санкциите во согласност со економската моќ на субјектите.Една девојка чекала авион во чекалната на еден голем аеродром.
Бидејќи требала да чека долго, таа одлучила да си купи книга за да

Пронајдете не на следниве мрежи: