ВМРО-ДПМНЕ, за време на политичката криза покажа огромно трпение и толеранција. Соочувајќи се со ситуацијата, не дозволи да биде совладан поривот за нови победи. На тој начин се постигна да се почувствуваат напредните позитивни енергии како доказ за искористување на тешките моменти, на најдобар и најконструктивен начин.ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напорите за странски инвестиции, нови работни места, зголемување на животниот стандард на граѓаните, безбеден сообраќај, нови модерни патишта, осовременување на училиштата и здравствените установи, грижа за социјално ранливите категории и.т.н.
Конечно, по историскиот договор постигнат со компромис на лидерската четворка, со посредство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, придружуван од, амбасадорската двојка Бејли и Орав и европратеникот Ричард Ховит, којшто ќе ги отвори вратите на Македонија во ЕУ, дојде крај на така наречените бомби како дел на негативната кампања на опозициската СДСМ. Продолжуваат да одекнуваат позитивните бомби на владеачките структури предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Да се потсетиме само на неколку од нив.
– На 07.07.2015, Кинската компанјиа ЦСР за производство возови, согласно Договорот за набавка ја произведе првата троделена патничка електро-моторна гарнитура (ЕМУ) наменета за потребите на МЖ Транспорт АД. Договорот кој се потпиша во 2014 година, опфаќа набавка на 6 патнички гарнитури на возови од кои 4 се дизел-моторни троделни парнички гарнитури (ДМУ) и 2 троделни електоро – моторни гарнитури (ЕМУ). Патничките гарнитури ќе бидат со вкупен капацитет од околу 1 200 патници, ќе ги исполнуваат највисоките европски стандарди за превоз на патници, како во поглед на техничките карактеристики, така и во поглед на задоволување на стандардите за квалитетен превоз на патниците.
– На 14.07.2015, во Скопје, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈСП, Игор Јанушев, го промовираа проектот за воведување систем за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз и системот за автоматска локација на возила.
– На 15.07.2015, во Скопје, министерството за информатичко општество и администрација ја организираше Јавната расправа посветена на Предлог националната краткорочна ИКТ стратегија за перидот 2016 – 2017 година и нејзиниот акционен план, на која учество зедоа претставници на јавниот, приватниот и академскиот сектор во земјата, како и заменик амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Катерина Штокер. Во своето обраќање министерот Ивановски се осврна на континуираниот раст на ИКТ областа во последните неколку години и неговиот удел во вкупната национална економија.
– На 16.07.2015, во Скопје, потпишан договор од страна на потпретседателот на корпорацијата „Леар“ Рафаел Гаљарди и министерот за странски инвестиции Веле Самак, во присуство на премиерот Никола Груевски и министри во Владата за реализација на инвестицијата од 15 милиони евра на корпорација „Леар“ во производствен капацитет за навлаки за автомобилски седишта, со потенцијал за нови 3.000 работни места во полошкиот регион.
– На 16.07.2015, Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, го посети детското одморалиште „25 мај“ во кое во моментов престојува петтата група на деца кои што се дел од проектот “Бесплатен летен одмор за деца од семејства од социјален ризик”. Станува збор за проект на Владата на Република Македонија кој што се реализира од 2012 година. Заклучно со ова лето, овој проект збирно до сега го имаат искористено 11.000 дечиња.
Народот е тој кој знае што значат ваквите заложби за реализација на проектите и тоа ќе го потврди на 24 ти април, 2016 година. На една страна е ВМРО-ДПМНЕ, партија која е цврсто решена да продолжи да работи за народот преку нови и проекти кои се во тек. На друга страна се луѓе кои немаат програма, кои се служат со негативна кампања и за кои работат платеници, поединци со агресивно и недолично однесување, насочено кон политичарите и подржувачите на политиките на власта. Агресијата по дефиниција претставува намера да се предизвика штета или акт кој има за цел социјална доминација, но, за жал на најпогрешниот и најочајниот начин. Интересот на агресивноста особено се јавува во ситуации на непостигање на целите, како што е случај со целите на сегашната опозиционерска партија и нејзините подржувачи, што за жал доведе до појава на изливи на криминалните активности, агресивните и недоличните однесувања на јавни места. Агресијата е комплексен мотивациски, емотивен феномен и состојба која преку акција се пројавува како желба, гнев, лутина, непријателство, грабање и напад на лице, предмет, територија, група. Таа претставува психолошки импулс или потреба за потврдување на себе си, стремејќи се да ги уништи, повреди или понижува другите, заради неуспешна себе реализација во општеството. Се рефлектира во активностите на напаѓање на сето она што е успешно и позитивно. Агресијата е во режија на нанесување штета на други. Акцијата или дејството за да се квалификува како чин на агресија, потребно е да се идентификува намерата да се наштети на друго лице, тенденциозноста во ориентацијата која се разликува од штетата предизвикана од несмасност, небрежност или неодговорност на поединецот. Иако тие можат да доведат до ист деструктивен исход, овие две ситуации се сосема различни според психолошкото потекло и значење. Ваквото агресивно и недолично однесување е социјално неприфатливо и за осуда, но уште по неприфатливо е доколку во позадина стојат други лица, кои за да се заштитат себе си од очекуваната негативна критика, наведуваат други лица на такви и слични негативни, социјално неприфатливи однесувања.
Нермин ТеловскаВМРО-ДПМНЕ продолжува со напорите за странски инвестиции, нови работни места, зголемување на животниот стандард на граѓаните, безбеден сообраќај, н