За сите оние што не им е јасно што се случува во Македонија

За оние што не им е јасно што се случува во Македонија, за оние што се прашуваат кој стои позади денешниот настан и оние пред неколку дена!Република Македонија во 1991-92 година се избори за независност. Додека една партија жестоко инсистираше на независна македонска држава, друга една партија лицитираше за федерација, лабава федерација или конфедерација со распаднатата СФРЈ/СРЈ.
Другата партија, жестоко се бореше петокраката да остане на нашето знаме и југословенското знаме да се вее на институциите во скоро веќе независна Македонија. Другата партија како продолжена рака на СФРЈ пласираше и тези од типот нема да опстанеме како независна држава, ќе има конфликт со албанците односно се испланирано како можно сценарио уште тогаш, доколку тие не бидат власт во независна Македонија.
Потоа истата партија проба и го смени името и знамето на држвата, даде државјанства на 150.000 косовски албанци што значително се смени демографскат слика на Р.М. Првата партија победи на парламентарните избори во 1994 година со убедливо мнозинство, кршејки ги прангите, притисокот и структурите на другата партија која од 1945 па и до ден денес беше и се навлезени во секоја свера на живеењето, општествено, културно, институционално… Првата партија несакаше да прави коалиција со албанците, што беше игра на тајните служби инсталирани и во таа партија, пазар, и политички грев што неможат и денес да си го простат. Другата партија ја искористи и таа можност и стана власт. Познато ни е : криминална транзиција, неразјаснети убиства, 300.000 луѓе без егзистенција, работејки по пазари, шверц на стоки од Бугарија, емиграција во Западна Европа, Америка, Канда Австралија итн. Другата партија освен постоечката црвена буржоазија своите редови ги засили и со ново печени тајкуни и олигарси користејки ја таа мрачна транзиција. Првата партија победи и на парламентарните избори во 1998, но овој пат направи влада.
Почнаа да се помрднуваат работите, Македонија во својот економски развој стигна рамо до рамо со Чешката
Република, имаше и соживот, пазарот процвета, имаше пари и народот заживеа. На некој не му идеше во прилог таквата работа, иако се навестуваше и решение на името, апликација за ЕУ. Од нигде никаде почна конфликтот во 2001 кој земјата ја врати наназад на економски, меѓуетнички и на секој план. Некој не сакаше оваа земја да оди напред.
Сеиспостави дека втората партија, се деца на поранешни функционери на Кос, Удба, Озна и слични, со своите другари албанци од Кос, Удба и сличните, исценирале “контролиран конфликт” со пазар за албанците поголеми права со Охридскиот договор, а за нив власт.
И тоа би, кога во техничката влада од 2001-2002 година влегоа вторите и спремаа терен за да дојдат на власт. Другава партија, конечно дојде на власт по пат на избори, за ПРВ И ПОСЛЕДЕН ПАТ победи на парламентарни избори. Ранетото македонско општество од конфликтот го убеди дека ќе го поткрепи со вработување на барем еден член од секое семејство.
Народот се излажа им даде доверба. Владеењето од 2002-2006 беше без идејно, ги товарија магарињата, во секој сегмент државата тапкаше во место.
Во 2006 година победи повторно првата партија, истата победува од тогаш наваму убедливо. Еве деновиве сме сведоци на повторно исти сценарија на другиве, сакат да не закрват македонци со македонци, македонци со албанци. Јасно им на другите дека нема дадојдат никогаш на власт по пат на избори зашто додека тие им ги бркаа родителите од работа на сегашните млади и им ги затвараше фабриките, првиве отвараат какви такви работни места за нив. Можеби има недостатоци и не е се како што треба, меѓутоа отвараат.
Скопје кој личеше на белоруска паланка го средија инфраструктурно. Другиве сакаат да го задржат тој стил, за да ги потсеќа на нивното владеење кога тие палеа и гасеа. Првиве изградија згради за државната управа, при што во постоечките кои беа во сопственост на членови на другиве државава плаќаше енормно висока кирија. Ги снема депониите, старите автобуси, освен на некои непотребни, се потсетија младите дека имаме херои кои најсветото- животот го дале за нашата државност и им подигнаа споменици.
Да се троши, но САД од големата депресија во 30-тите години на минатиот век излезе од кризата со градење на капитални добра, монументи, инфраструктура, Empire state building..
Другиве останаа откриени дека еx-комунисти неможат да се носат со новото време, еx-комунисти, а сега демократи кои од 1945 до 90 беа виновници на секакви погроми на народот и прогресивните млади луѓе кои размислуваат поинаку и се бореа за независна Македонија ! Сега истите се пазарат и бараат поддршка од маргиналните групи од типот на ЛГБТ и слични, за утре да им признаат бракови, легализација на дрога.Се договараат за поддршка со разно разни протектори кои утре ќе им ги дадат ресурсите на Македонија, со разни фундаменталисти на кои ќе им дадат територија, име, идентитет, а можеби и повторна федерација или конфдерација со некои држави и тоа се со цел само повторно да они, другиве бидат власт и да ги до-товарат магарињата.
Можеби има, а на локално ниво има со сигурност и пропусти намерни и ненамерни и од првиве, грешки во работата и слично, но што ќе видевме од другиве во тоа време да имаше интернет, да ги имавме нивните телефонски разговори. сигурно многу полошо.
Можеби ќе чуевме за падот на кингерот, Бродец, 2001, Вејце, октоподот, танзицијата…Кој да знае што ќе чуевме. САД знаат кои се првите, а кои вторите. Со првите пред да станат партија се бореше против вторите и ги формираа СДРМА,
Татковинска и слични т.н. терористички во тоа време, а патриотски сега и секогаш. ТОА Е ВИСТИНАТА ! КОЈ РАЗБРАЛ РАЗБРАЛ, КОЈ НЕ нека биде слуга на црната невидлива рака и разни НВО со сомнително потекло и финснсирање. Знаеме дека ќе бидеме цел ние младите прогресивни на вторите доколку дојдат на власт, бидејки нацијата за да ја уништиш треба да и ги скинеш убавите цветови за да не даде плод.
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!
Стево Насковски, м-р на Правни науки – применета политика и дипломатија, политиколог и правник.
Извор:denesen.mkРепублика Македонија во 1991-92 година се избори за независност. Додека една партија жестоко инсистираше на независна македонска држава, друга

Пронајдете не на следниве мрежи: