ВОИНСТВЕН ОПОЗИЦИСКИ МАЈ

Лидерот на СДСМ во вторникот објави нова афера со прислушувани разговори. Ова е една од последните снимки што ги објави, а една од главните за кои се надева дека ќе донесат фидбек за партијата. Нејасно е каков фидбек очекува опозицијата од снимките за случајот „Мартин Нешкоски“ – убиеното момче од пред четири години и дали на затворен случај се ќаруваат политички поени. Но, она што овие снимки го донесоа три часа по објавувањето се демонстрации пред Владата. И тоа демонстрации кои се чини дека излегоа од контрола.Демонстрации веројатно подбуцнати од опозицијата со негативен биланс – повредени полицајци, приведени учесници, превртени контејнери и уништени возила. Но, да почнеме со ред. Во неколку наврати опозиционерите нагласија оти друго чаре за излез од политичката криза, освен со организирање протести, не гледаат. Екслидерот на СДСМ јавно упати повик за протести, а веднаш потоа Заев како да ја прифати идејата, па го закажа големиот собир за 17 мај. Но, се е легитимно се додека опозицијата не почна да си игра со емоциите на граѓаните. Објавува снимки на сензитивни теми, па ги тера граѓаните, главно нивни симпатизери, да излезат на улица и оттаму да го демонстрираат гневот.
Заев и самиот предвиде дека гневот ќе се истури на улица. Kако да знаел предвреме што ќе се случува. Нејсе, граѓанинот има право на протест. Но, ако се навратиме, се чини дека опозицијата подолго време го подготвува теренот за „украинско сценарио“ за принудување на власта сама да си даде оставка. Ништо друго, освен демонстрации, СДСМ не го интересира. Не гледа друг начин за да ја сруши власта на Никола Груевски.
 И така ќе продолжи се до 17 мај. Е, на овој ден, откако претходно, веројатно, ќе се изнагледаме секоја вечер во најлош случај слично сценарио како она од вторникот вечерта пред Владата, ќе бидеме сведоци на нови демонстрации, во кои се очекува заедно со опозицијата да учествуваат студенти, средношколци, стечајци и земјоделци. А кој ќе ни гарантира дека ситуацијата нема да излезе од контрола? Kој ќе ни гарантира дека и до тогаш нема да има ескалација на состојбата и оти нема да ни се случи „Мајдан“, кој знаеме што донесе во Kиев. Kому, всушност, му одговара воинствен мај и насилните демонстрации и како да веруваме дека опозицијата навистина не стои зад сето ова кога се ни укажува на нивна вмешаност? Симпатизери и членови на СДСМ, пак, учествуваат на сите протести.
Апелираат за мирни демонстрации, а пред нивни очи ситуацијата излегува од контрола. Се чини дека им одговара дестабилизација на политичката сцена. Всушност, тоа беше и идејата на објавувањето на аферите. Намерно ли СДСМ го остави случајот „Монструм“ за последен во низата? За да предизвика кулминација на состојбата на улица. Па нели самите апелираа за мирни протести? Имено, власт се добива на избори. На ваков начин се добиваат само немири, судири со полицијата, но и граѓанска војна која во најлош случај ќе донесе повредени или загинати. Во услови кога во Брисел се преговара за политички договор опозицијата ја тера својата агенда за дејствување од улица. Заев треба да се погрижи протестите под нивна организација навистина да бидат мирни, а партијата да ги тргне рацете од демонстрациите претходно, кои веројатно без нивна интервенција нема ниту да ги има.
ЛЕПА ЃОРГИЕВСКА-ДНЕВНИКДемонстрации веројатно подбуцнати од опозицијата со негативен биланс – повредени полицајци, приведени учесници, превртени контејнери и уништени воз

Пронајдете не на следниве мрежи: