Прикаските раскажани од неидентификуваниот раскажувач, кои најчесто му се припишуваат на народниот гениј, колку што се фасцинантни по инвенцијата толку се и поучни.„Држете го крадецот!“ – вреска самиот крадец веќе неколкупати фатен во кражба инфлагранти, а притоа и аболициран од својот поранешен ментор, кој, какво чудо, во ова ново време кога малиот Наполеон се вознесе на лажните крилја на големата амбиција за власт, го стави и него, неговиот поранешен газда на нишанот на катапултот за бомби, уценувајќи го и дисциплинирајќи го до срамната позиција на немоќ, пишува уметникот Ацо Станковски во колумна објавена на „Република“.Според Станковски, тоа народот го дефинира како состојба на – рани куче, да те лае. Но, малиот Наполеон е бескомпромисен во борбата за остварување на неговите сништа по секоја цена.
-Сепак, кога серијалот на фрлање експлозивни фекалии ќе заврши и ќе почне голготата на малиот Наполеон, неговиот поранешен ментор нема да биде тука за да го извади од мрачната и тегобна реалност која неминовно ќе дојде како кармичка последица од неговото непринципиелно и неморално практицирање на таканаречената „уметност на можното“. А, со него ќе ги повлече на дното и неговите соучесници. Како главниот фактор на одлуките за курсот на оваа гротеска да го чека малиот Наполеон да ја заврши својата серија, а потоа…, пишува, Станковски.
Тој додава дека прикаските на малиот Наполеон стануваат сè поздодевни и поздодевни, додека истрагата која го деконструира неговиот професионален хабитус укажува на сè поголем и поголем криминален опус.
-„Др’жте го крадецот“ – врескаат сите оние измамници од времето на транзицијата, обидувајќи се од петни жили со целиот асортиман на својата одвратна скрибоманија да ни ја реконструираат меморијата и да нè убедат, дека она раскрчмување на македонската економија и сведувањето на платите во стопанството на 50 – Дојчмарки (та, зар не се сеќавате, господа, елитни граѓани и сите вие сапрофитни снобови од НВО-секторот) било, всушност, периодот на dolce vita.
Целата колумна прочитајте ја на РепубликаСпоред Станковски, тоа народот го дефинира како состојба на – рани куче, да те лае. Но, малиот Наполеон е бескомпромисен во борбата за оствар