Вербален деликт

Македонија е нација на експерименти. Најновиот е дека стануваме хот­лајн држава. Нација во која ништо не е поважно од радоста и возбудата од туѓото дишење по телефон кое го предизвикува истото кај напалените осамени воајери.Да. Постои таков експеримент, и тој се случува сега и овде.
Нема потреба од политика, организација, систем, одговорност, стручност, посветентост, работа, резултати… пушташ разговор од туѓ телефон и имаш власт.
 Зошто не одбрале баш нас.
Да пренесам дел од разговор кој се случуваше кон крајот на минатата недела во еден познат ресторан во Скопје, во кој разговараат скандинавски дипломат со пар свои соговорници. Пак случајно, земјата на тој дипломат е потенцијална локација од каде доаѓа лице кое било во контакт со Верушевски, човекот кој за пари организирал прислушување на нашиот државен врв и нивни соговорници.
 Материјалите потоа биле преведувани на англиски јазик, ставани на хартија како стенограми, дополнети со опис и профил на соговорниците и давани за потреби на странски служби. И за потреби на СДСМ и Зоран Заев.
Толку вложен труд, се што се прислушувало да се преведува на англиски, да се пишува опис и профил на соговорниците на тој англиски јазик… секако не се прави за текстовите на англиски да му служат на Заев. Тој, и онака, англиски не знае.
Во тој ресторан, случајно за време на разговорот во близина седи и новинар кој од дипломатскиот разговор го слушнал следново.
Дека со прислушувањето е завршена добра работа, и дека државите на Балканот не се способни да водат сопствена политика без надзор од надвор, така било според нив секогаш во историјата. Дека ако ги оставиш сами, заглавуваат во војни. Тие не спасувале од војните кои, патем речено, овде ги гледаме речиси во континуитет и тоа без исклучок предизвикани од потпалување од страна. Најчесто етничко.
Во разговорот е изразено чудење зошто досега владата не паднала, како и констатација дека е тоа најверојатно заради растечката економија и пад на невработеноста, како и потребата на Албанците во ова време да нема никакви инциденти во Македонија бидејќи во Косово и Албанија ситуацијата е напната, и нов фронт на инциденти сериозно би ја нарушил албанската позиција на Балканот.
Има на таа маса и други нешта за кои се разговарало, а се прилично важни и симптоматични, но заради чувствителноста на моментот засега ќе ги ставиме на страна.
Па, како тече деновиве експериментот во нашата хот­лајн држава.
Зајко објавува туѓи телефонски разговори, си ги одбира, монтира и пакува според своја личен вкус. Потоа ги коментира за да нагласи што е важно во тоа.
Што би рекол скандинавскиот дипломат, ова кај нас да се случеше… ама, ете не се случува ова во Скандинавија. Ниту на било кое друго место во светот. Таму можеш да видиш како верскиот екстремист Андреас Брејвик за еден ден уби 77 луѓе, од кои 69 малолетни посетители на социјалистичкиот младински камп во Осло. На Балканот такво нешто неможеш да видиш. Секако, не затоа што е под нивни надзор.
За нивна жал, Балканот никогаш немал свој Брејвик. Никогаш.
Во Скандинавија не е возможно два месеци да објавувате јавно туѓи телефонски разговори. Особено не селектирани, и со политички и партиски мотиви.
Во Скандинавија, а и никаде во Европа, никому не се суди за вербален деликт. За кажан збор. Особено не за збор по телефон, во приватен разговор.
Но, експерименот во Македонија треба да им успее затоа што тоа е порака до другите држави, особено на Балканот – ако не бидете послушни, ние ги имаме вашите телефонски разговори и ќе ги објавиме. Затоа, берете ум и слушајте.
Македонија нема проблеми со Европа, освен во едно, а тоа е да се затвори спорот кое Грција го отвори со утавното име. Ние нема да слушнеме што за името преговарале Црвенковски, Бучковски, Шекеринска, па ни Љубчо Георгиевски… на кои тоа, согласно функцијата, им било работа. Треба да го чуеме само Груевски.
 А Груевски, последен пат и во Битола, остана на ставот дека – никој, ама баш никој нема право да донесе одлука за уставно име. Дека, ако еден ден има писмен предлог од Грција, тоа ќе оди на референдум па, како реши Македонија така и ќе биде.
Тоа не им се допаѓа на Европјаните. Знаат како ќе реши Македонија, па барат некој кој ќе реши сам за Македонија. Но, се уште ние решаваме дали тој ќе биде власт.
Тоа што секој го гледа е дека и денес, во март 2015 година, нема промена на уставното име, нема ни најава за постапка околу тоа. Дека овој Груевски не е подготвен да трампа ­ власт за промена на уставно име. Зајко е подготвен. Шекеринска уште повеќе.
Тие не сакаат референдум. Да имаше референдум во 1995 година, кога СДСМ се откажа од уставното име и знамето, тоа немаше да помине, и ние денес таа мака немаше да ја имаме. Но, СДСМ референдум не поштуе.
Затоа ги боли ставот на Груевски: вие можете да составите некаква предона влада, но без нас. А без ВМРО нема собраниска промена на уставното име без референдум. Во такви услови, на било кои наредни избори – ВМРО е победник.
Може Зајко колку сака да пушта туѓи снимени телефонски разговори во кои некој од ВМРО пцуе, оговара, се нервира и експлодира под стрес на изборните денови… но, за разлика до ВМРО неможе да обезбеди нов автопат, 160.000 нови вработувања, бесплатно здравство и ефтино студирање, неможе да обезбеди вакви субвенции за земјоделците, да изгради нови три булевари во центарот на Скопје, и уште три околу центарот… неможе да изгради нови болници и клинички центри, да најде инвеститори за нов аеродром и 25 нови странски фабрики… неможе да најде начин за нови 10.000 вработувања на млади под 29 години и тоа секоја година, како што неможе да обезбеди ни постојано покачување на плати и пензии, а да не збориме за откуп на дворови и легализација на дивоградби за по едно евро квадрат. За театри, музеи, нови училишта… ич не станува збор.
И, сето тоа, во време на европска криза, и шест позитивни извештаи од ЕУ и НАТО за Македонија. Тоа ќе остане зад ВМРО, а зад СДСМ продадено име и знаме.
Ако Зајко како градоначалник успеал да стекне семеен имот од 12 милиони евра, и да продава пуфки за чесност и демократија, колку би стекнал со власт во цела Македонија. Пресметајте врз основа на неговата досегашна пракса, факт од терен.
И, што ако дојде преодна, техничка влада. Сега над 25.000 работници работат на јавни проекти.
Со преодната влада, која нема мандат за ништо, тие проекти и исплати за нив ќе запрат. Ќе се испитуваат тендерите, договроите… ќе тече време, ќе доцнат исплатите. Градилиштата ќе запрат, и ќе станат руина. Ќе запре покачувањето на пензии бидејќи ќе нема пари во буџетот, како и субвенциите за земјоделците. Македонија ќе биде закочена, и на колена.
Единствено што преодната влада ќе прави ќе бидат истраги, смени и откази: на јавен обвинител, судии, државна администрација, јавни сервиси… над 50.000 луѓе имаат силна причина да веруваат дека отказот ги чека нив.
И, тоа ќе потрае. Затоа што секои избори во наредните две години ВМРО ќе ги добие. Груевски има власт во над 50 општини во Македонија, што е машинерија која функционира сама за себе. Во општините нема преодни влади, и тие општини на ВМРО во било какви варијанти ќе му донесат над 50 пратеници. И, што тогаш… кој ќе го врати назад времето, вработувањата, инвестициите… кои преодната влада ги загубила.
Дали нашите сметки ќе ги платат туѓите телефонски разговори…
Кога сиромаштијата и мракот од времето на СДСМ ќе чукнат на врата, тие чукаат на сите врати – и кај Македонците, и кај Албанците… и ете ти кавга кој од нив е виновен.
Го сакаме ли тоа… ако го сакавме ќе го гласавме на избори.
Можат ли тоа да ни го наметнат на сила. Можат, но ако им го дозволиме.
Како вика Стојанче: ќе влеземе на сила во МТВ, и ќе ги исфрлиме надвор. Ќе одиме кај јавниот обвинител и ќе го исфрлиме на клоци. Ќе влеземе секаде, се ќе биде наше, и сите ќе ги исфрлиме надвор што не се наши. Тоа е планот, и тоа треба да го очекуваме.
Наредните недели се време на решение. Време во кое СДСМ ќе се обиде да го спаси Зајко од суд и казна, и да ја преземе Македонија на сила. Воопшто не се сомневајте во тоа, и очекувајте немири како финале на хот­лајн експериментот.
Очекувајте, и подгответе се за тоа. И бранете ги своето право и интереси.
Од една страна хот­лајнерите, од друга сите ние. Сепак, ние сме мнозинството.
Ова е време кога вербалниот деликт од телефонски разговори треба да стане врвен политички критериум. Време на хот­лајн демократија.
Знаете ли барем една држава во која власт се земала од улица, и било подобро?
Извор: ВечерДа. Постои таков експеримент, и тој се случува сега и овде.
Нема потреба од политика, организација, систем, одговорност, стручност, посвете

Пронајдете не на следниве мрежи: