Македонските семејства пред тежок испит! „X Фактор“ vs. „Ел Класико“

Прв пат во историјата на Балканските медиуми се соочуваат овие два мега спектакли, „Х Фактор“ од понежната и „Реал Мадрид vs. Барселона“ од погрубата страна.Вечерва, 23 март, семејната атмосфера во нашата земја ќе еруптира. 21 часот ќе биде пресудниот час за многу македонски семејства, „да се биде или не“. Конфликтите кои ќе избијат во најголем број на семејства ширум Републиката, се надеваме дека ќе завршат само со гласни караници и без посериозни повреди.
Гледано од женска страна, Финалето на „Х Фактор“, предводено од шармантниот Даниел Кајмакоски, во телевизискиот простор ќе биде нападнато од здодевното фудбалско „Ел Класкико„
А од машка страна, најспектакуларното фудбалско случување, мечот помеѓу шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, познато како „Ел Класико“, предводено од Роналдо и Меси, во телевизискиот простор ќе биде нападнато од комерцијалното и лигаво ТВ шоу „Х Фактор“.
Доколку дома имате два телевизори тогаш престанете да читате тука.
Доколку имате само еден телевизор, тогаш опасноста од високоризични инциденти ќе биде се поизвесна во вашиот дом.
Доколку сте жена и живеете со вашиот сопруг и двете машки деца, тогаш не ви останува ништо друго, освен да отидете кај сосетката. Во случај да сте во лошососедски односи со соседите, единствена алтернатива ви е да и се посветите кујната.
Доколку сте маж и живеете со вашата сопруга и двете ќерки, тогаш не ви останува ништо други освен да се облечете и да отидете до најблиската обложувалница и таму во биртиско-фудбалска атмосфера да уживате во фудбалската драма која ќе се случува од 21 часот.
Доколку сте семејство и имате еден син и една ќерка, тогаш пратете ги децата на поседок кај баба им за да не бидат сведоци на брутално крвопролевање.
Се надеваме дека најголем дел од вас имаат по два телевизори во домот, а воедно се надеваме и дека вечерва Даниел ќе победи и дека на „Ел Класико“ ќе паднат многу голови, а притоа вашиот фаворит, или тимот на кој што сте се обложиле ќе победи.
Г. АнгелескиВечерва, 23 март, семејната атмосфера во нашата земја ќе еруптира. 21 часот ќе биде пресудниот час за многу македонски семејства, „да се биде

Пронајдете не на следниве мрежи: