Писмо до Игор Џамбазов

Кога некој чувствува била каква опасност, напаѓа во т.н самоодбрана.Мој драг Боему,
Кога некој чувствува била каква опасност, напаѓа во т.н самоодбрана.
На твојата историја, не може да коментира личност со електро-техничко високо образование. Која е таа контрадикторност електричар да зборува за шоу-мен со 50годинни изминати во градење уметност.
Уметност знае да биде во шток да видиш поема, да напишеш ноти, да распламтиш младо срце. А политиката не понесува страсти, таа напнува, го руши духовниот мир.
Да напишеш книга за сопствениот живот изгледа лесно, но нема секој храбрсот да се соочи со зборовите напишани на хартија. Ударот ќе те натера да го запалиш листот, но човечноста ќе дозволи да објавиш.
Човекот како суштество слуша како треба, но ако убодот од игла не те заболи, никогаш нема да знаеш за болка, ако саканата не те прегрне ќе знаеш ли за среќа? А што е човек кој не ги познава овие возбуди?
Зарем „не треба“ е забрането? Не, „не треба“ е предизвик… биди доволно храбар да го прифатиш, да го погледнеш во очи и да го победиш.
Тоа е големината на боемот, своето постоење да го искаже, само со неколку капки на илузија да измеша вроден талент, за на крајот да се створи ремек дело.
Генерации израснати со „Труба“, оној кој не е маскиран тоа не го постигнува, а оној кој се обидува да соли памет, умира од шеќер во крвта.
 
Со сета почит за твоето живото дело,
Бароницата.Мој драг Боему,
Кога некој чувствува била каква опасност, напаѓа во т.н самоодбрана.
На твојата историја, не може да коментира личн

Пронајдете не на следниве мрежи: