Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во многу интересни модни приказни, случувања и совети. Денешната тема за која ќе ви зборувам е тајната моќ на малите црни фустанчиња.
За малите црни фустани, како моден скандал заслужна е прочуената Габриела – Коко Шанел. Таа дамнешната 1926 година, лансирала еден таков фустан. Првиот мал црн фустан бил класичен, без ракави со должина, нешто малку над колена. Коко Шанел носител на движењето за еманципација на жената, првенствено во поглед на носењето на кратки фустани, ракави, како и фризури со кратка коса. Таа за своите преубави креации користела фини материјали како што е жерсе и тоа во неутрални бои.
На тој начин малиот црн фустан стана есенцијален дел од женската гардероба. Познатото модно правило налага дека секоја жена во својот гардеробер треба да има едноставен црн вечерен фустан, кој ќе може да го облече во секоја пригода.
Функцијата на малиот црн фустан е дека со скромни средства секоја жена може да биде женствено и елегантно облечена. Првенствената намена била за коктел забави, понатаму за попладневни излегувања, но разните атрактивни и скапоцени аксесоари, лесно го претвораат во елегантен вечерен фустан.
Низ неколку мои фотографии, ќе ви покажам одлични начини на кои можете да носите мал црн фустан.
– Со доминантен детал во вид на метални плочки (или било каков друг сличен детал) и елегантен накит, вашиот целокупен изглед ќе биде феноменален и шик. Бидете внимателни со количината на накитот.! Не смеете да претерате доколку веќе имате доминантни сјајни детали.
– Малиот црн фустан со долги ракави е идеален за одмерена варијанта. Можете да го искомбинирате со сако или некој долг мантил и убави штикли кои се примерни за преку ден. Соберете ја косата во репче, а доколку одберете и некои темни чорапи, со таков аутфит можете да отидете и на работа.
– Доколку сакате атрактивен и заводлив изглед без многу детали, на малиот црн фустан додадете му интересен моден детал во вид на каиш. Нараквицата и обетките, ќе го надополнат вашиот фабулозен изглед.
– Мал црн фустан со долги чипкасти ракави изгледа многу сензуално и убаво. Облечете црни чорапи – до колениците со чипкасти детали , црни потпетици и ќе изгледате одлично. Можете да додадете и симпатичен детал со машничка.
– Едноставниот црн фустан со детали во вид на перли на деколртето изгледа магично. Поради тие доминантни перли други детали не ви се потребни. Прстен и обетки, секогаш се добредојдени.
– Доколку сакате гламурозен рок стил, црн фустан со некои рокенрол мотиви (како гитарата со сребрени циркони на фотографиите) е правиот избор за вас. Таквиот фустан искомбинирајте го со црни чевли и некои откачени нараквици.
Малиот црн фустан можете да го носите на безброј начини . Во тоа е и неговата тајна моќ. Дури еден ист фустан, комбинирајќи го со разни модни додатоци, можете да го носите повеќе пати и тоа на сосема различни начини. Секоја дама во својот гардеробер тревба да има барем по еден таков фустан. Меѓутоа, кога фустаните се во прашање, водете се по правилото: што повеќе – тоа подобро!
Погледнете ја целата галерија на следниот ЛИНК.