Предавничката политика на СДСМ премногу го повреди достоинството на луѓето, историјата на земјата и го извалка образот на вистинскиот Македонец. Дел поради нивната ориентираност да го скршат на илјада парчиња македонскиот код, но и плукањето кон историските случувања и болката низ која поминале луѓето за да можат тие денес да уживаат во таа слобода којашто ја имаат денес и да искажуваат непочитување кон вистинската и единствена кауза – да се сака земјата без оглед на сѐ!Од напатената мајчинска града на Македонија се напојуваат милиони луѓе кои живеат на нејзина територија, но и оние чии тешки животни околности ги принудија да ги остават корените тука.
Но, предавничките чеда на нашата татковина почнаа да ја повредуваат толку што раните тешко се лекуваат. Таа има сé повеќе лузни. Водата не може да ги измие нивните валкани образи, да ги исплакне нивните усти кои изрекуваат поганости и лаги, ниту пак да ги натера луѓето да заборават со колкава леснотија се предава најблиското, најчистото домољубие, само за да се дојде до власт. Со своето неубаво однесување и алчноста, тие се подготвени да уништуваат сѐ околу себе, омаложувајќи ги нивните противници.
Безмилосно прават обиди да ја уништат Македонштината. Страстите кулминираат, лагите се зголемуваат, но има сé помалку луѓе кои им веруваат.
Пред цели 122 години, шестмина храбри мажи одлучија да се заземат за Македонија и да се борат за нејзината автономија и идентитет, заколнувајќи се на лојалност кон татковината:
„Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи. Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме. Амин“.
Денес, нивните следбеници се наоѓаат пред уште една борба – борба која на сите нас ни се заканува. Наскоро наближува денот кога ќе мора да се преиспитаме себеси и да одлучиме дали ќе ја следиме и ние нивната заклетва во одбраната на Македонија од итрите и платени предавници, или со леснотија ќе им дозволиме да гледаме како пред очи сакаат да го закопаат минатото во заборав со сендвичи и сокови.
Нема да го дозволиме тоа, бидејќи и ние сме деца на мајката земја, на Македонија…Од напатената мајчинска града на Македонија се напојуваат милиони луѓе кои живеат на нејзина територија, но и оние чии тешки животни околности ги п